Маслата имаат моќ!
Природните масла за нега се вистински козметички хит во последните неколку години. Тоа воопшто не треба да изненадува, земајќи ја предвид листата на нивните предности, која е навистина долга. Маслата можат да се користат на многу начини – научете повеќе за нив!
Арганово масло
Се добива како екстракт од дрвото арган, кое расте во Мароко. Аргановото масло, богато со витамин Е, е вистински еликсир на младоста – ги намалува брчките и спречува појава на нови, длабоко ја хидрира и храни кожата, го забрзува лечењето на рани и ги неутрализира несовршеностите на кожата. Исто така, ја зајакнува косата и ноктите. Чистото арганово масло е исто така, одлично како состојка за масажа.
Кокосово масло
Ефикасно како аргановото масло, иако е доста поефтино. Ова е одлична состојка во козметиката која веќе ја освои Америка и голем дел од Европа. Кокосовото масло прекрасно ја хидрира и регенерира косата, одлично го хидрира телото и ја омекнува кожата. Исто така, тоа е незаменливо и во кујната. Ако сте загрижени поради специфичниот мирис и вкус – не плашете се, тој е неутрален.
Масло од макадамија
Ова вкусно масло се добива од слатката и крцкава јатка од макадамија која расте во Австралија. Маслото од макадамија интензивно ја заврстува кожата, што го прави одлично оружје не само против брчките, туку и за целулитот и стриите. Маслото од макадамија, богато со витамини А, Б и Е, ја подобува микроциркулацијата, ја хидрира и регенерира сувата и оштетена кожа и коса.
Бадемово масло
Секој голем кувар го сака бадемовото масло и го додава во јадењата, најмногу поради неговата прекрасна арома. Како додаток во козметиката, тоа ја храни и хидрира кожата, се бори против сушењето и воспаленијата. Ова масло, богато со различни витамини, минерали, магнезуиум и протеини, ја смирува кожата и го забавува нејзиното стареење. Исто така, одличен е и за косата. Поради високата концетрација на масни киселини, тој е совршен хидратор кој ја прави косата привлечна и помага да се намали расцветувањето на врвовите.
Масло од семе од грозје
Овој природен антиоксиданс се добива од ладно цедено семе од грозје и е дополнителен производ во процесот на правење на вино. Маслото од гроздово семе е богато со витамин Е и линолеична киселина. Ја хидрира кожата, за поцврст и помек изглед и чувство. Неговата прекрасна арома го доловува вкусот на јадењата на кој се додава.
Масло од марула
Марулата е егзотично овошје од дрвото Марула кое расте во Јужна Африка и Мадагаскар. Ова дрво често се нарекува “Слоново дрво”, бидејќи слоновите сакаат да го јадат неговото овошје. Маслото од марула одамна е познато по своите исцелителни, хидрирачки и својства кои го забавуваат стареењето. Ова масло, исто така, ја подобрува флексибилноста на косата и помага да се скроти статичкиот електрицитет, правејќи ја косата попогодна за обликување. Има слатка арома и златна боја. Во Јужна Африка, исто така се користи и за правење бомбони.
Масло од семе од камелија
Маслото од семе од камелија се добива од билката Camellia sinensis, од која се прави чај. Ете затоа понекогаш се нарекува и масло од чајно семе. Иако неговиот вкус е доста слаб, тој има слатка и пријатна арома, што го прави одличен за користење при ароматерапија. Полн со есенцијални масни киселини и витамин Е, совршено ја регенерира косата. Неговите анти-ејџ, исцелителни и хидрирачки својства исто така, се користат и при негата на кожата на лицето.
Масло од семе од шипка
Ова масло содржи 20 пати повеќе витамин Ц од портокалот! Исто така, богат е со витамин Е и А. Обезбедува хидратација и обнова на клетките и спречува од предвремено стареење. Со зголемувањето на регенерацијата на кожата, маслото од семе од шипка помага во намалувањето на лузните и ги подобува текстурата и тонусот на кожата.
Маслиново масло
Маслиновото масло е најпознато како едно од најздравите масла за јадење. Ова скапоцено масло, со потекло од Медитеранот, содржи сет од витамини и антиоксиданти, кои се во служба на убавината: А, Б, Ц, Е и Ф. Длабоко ја хидрира, храни и регенерира кожата, правејќи ја пријатно мазна и мека на допир.
Масло од јојоба
Маслото од јојоба, со потекло од југозападот на Северна Америка, е одличен хидратор, со хемиска композиција многу слична на себумот кој природно се создава во телото. Има силни антиоксидансни и антибактериски својства и спречува создавање на комедони, што значи дека не ги затнува порите. Лесно се апсорбира, оставајќи ја кожата мека и еластична.