Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Разиграј го маникирот!

Нокти прекриени со само една нијанса лак? Тоа не е доволно! Страсниот маникир е сега во мода – импресивни дизајни, светкави стакленца и разнобојни декорации. Треба малку време, трпение и омилени лакови за нокти. Ти споделуваме неколку идеи!

Една боја

Пред да научиш како да нанесеш модерни шари на твоите нокти, започни со она во што си веќе експерт, а тоа е нанесување на само една боја. Обој три или четири нокти од секоја рака со лакот А, а останатите нокти – со лакот Б. На пример, нанеси лак во темна црвена или виолетова боја на четири нокти, но прекриј го домалиот прст со силна магента розова. Има уште една опција: нанеси една боја на сите нокти, а потоа дополнително стави светкав лак на еден прст. Толку едноставно, а сепак импресивно. Секако, можеш да го направиш изгледот уште пософистициран. Види ја нашата инспирација.

Цветно расположение

Дали сакаш разиграни, младешки нокти со цветни и растителни шари? Тоа е многу полесно да се направи отколку што мислиш. Започни со нанесување на една боја на сите нокти. Потоа, избери ги нијансите кои ќе ги користиш за изработката на шарата. Нацртај точки со едноставно допирање на површината на ноктот со четката натопена во лакот. Лесно ќе ги корегираш точките  во цветови или други дизајни. За прецизност, можеш да ги користиш специјалните додатоци за цртање на ноктите или врвот на металната турпија за нокти.

Геометриски дизајн

Како да комбинираш различни бои на еден нокт? Ти треба твој избор на лакови и ... селотејп. Прво креирај ја шарата – можеш да добиеш доволно инспирација од Интернет. Потоа, прекриј дел од ноктот со селотејп, на пример левата половина. Нанеси боја на откриениот дел, а кога лакот ќе се исуши, отстрани ја лентата. Нанеси друга боја на другата страна. Суптилно и презицно во исто време! Запомни да го заштитиш ефектот со финален слој од проѕирен лак, како Gel Shine finish лакот. Трикот со селотејпот е исто така, корисен во нанесувањето на француски маникир и го прави маникирот полесен за почетници. Погледни го водичот за повеќе геометриски инспирации:

Светкава тантела

Се препорачува да го опремиш орманчето со неколку специјални лакови, како што се светкавите или лаковите со ефект на тантела. Можеш да ги користиш на илјадници начини! Обој ги ноктите или само неколку, поиграј си со шарите и декоративните украси. Пробај го ефектот на тантела за креативно да ги декорираш твоите нокти. Нанеси го врз омилената боја за нокти. Ете толку е едноставно.

Светкав француски маникир

Ако сакаш твоите нокти да изгледаат впечатливо и подготвени за забава, земи лак со текстура, кој ги прекрива ноктите со песочен, тридимензионален слој. Можеш да ја задржиш текстурата само на некои нокти или пак да ги прекриеш сите. За да изгледаш уште поинтересно, додади лента од компатибилна боја на врвовите на ноктите. Ете тоа е она што го нарекуваме светкав француски маникир!