Македонија
    |         |         |    
BSP_summer_dress_makeover

Неонски тренд

Неонските бои се оние кои привлекуваат најмногу внимание. Како ова да го направиш во твоја корист? Овие неколку совети ќе ти помогнат да го зачиниш твојот летен изглед.

Потеклото на нео трендот

Неонот како хемиски елемент е откриен во 19-тиот век од британски хемичари. Името на елементот потекнува од грчкиот јазик и значи „ново“. Енди Ворхол го пренел во уметноста, правејќи го популарен моден тренд. Неонот стана значаен тренд во 80-тите. Во следната декада најчесто можеше да се забележи на техно забавите. Неонските нокти, коса и шминка сликовито ја потенцираа оваа субкултура. Оскар де ла Рента и Кристијан Лакроа ги употребуваа во своите пролетни и летни модни колекции, а и не е за чудо бидејќи овие живи бои одлично одговараат за тие сезони. Денес неонските бои се враќаат на голема врата, секогаш носејќи нешто свежо во изгледот.

Како да носиш неонски бои?

Неонските бои се секогаш интересни за екпериментирање. Изгледаат најдобро особено во лето, давајќи ти енергичен и радосен изглед. Како и да е, доколку не си сигурна во каква неонска боја да ја одбереш летната гардероба, започни со модните додатоци. Неонските нијанси изгледаат најдобро и навистина се издвојуваат кога се во комбинација со контрастни едноставни или пастелни бои. Неонските нокти, чевли или накит можат да го зачинат дури и наједноставниот изглед, но не ги носи сите наеднаш. Неонските бои исто така изгледаат добро и на плажа. Костимот за капење, летната марама или пак апостолките во неонски бои совршено ќе го истакнат твојот тен. Избегнувај да носиш неонски бои на работа, на интервјуа за работа или бизнис состаноци. Единствено можеш да го зачиниш изгледот со лак за нокти во жива боја или парче едноставен накит.

Неонска шминка

Шминката во живи неонски бои не е ексклузивна само за модните писти. Со интензивен розов кармин или егзотична сина сенка за очи, можеш и ти едноставно да постигнеш храбар изглед. Кога нанесуваш шминка, сепак биди внимателна да не претераш, така што кога ги потенцираш очите во неонска боја, на усните нанеси неутрална или пак нежен сјај за усни доколку сепак сакаш боја, а на трепките доволна е црна маскара. Погледни го туторијалот за неонска шминка.

Соодветно на бојата на очи

Неонските бои совршено ја истакнуваат природната боја на окото. Длабочината на сивкастите или сини очи може да се истакне со смарагдно зелени нијанси на сенки за очи. За да ги осветлиш сините очи, користи силни и живи жолти, розови или пак светло сини нијанси. За кафени очи одбери зелени сенки за очи или кобалтно сини кои ќе ја интензивираат бојата на ирисот. Со светло сина боја можеш да ја смириш кафената боја на окото. Зелените очи добро одговараат со виолетови нијанси. Исто така, можеш да комбинираш повеќе бои и со различни маскари и моливчиња за очи. Експериментирај самата!

Ти треба инспирација? Погледни го туторијалот за шминкање инспириран од неонските бои.