Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Имај усни за бакнување!

Едвај го чекаш излегувањето со пријателките? Не е ни чудо! За среќа, забавата почнува уште со подготвувањето: шминка, фризура и одбирање гардероба. Пред да излезеш во град со твоите најдобри другарки, погрижи се и за усните и направи тие навистина да се издвојуваат!

Чекор 1 – подготви ги усните

Потребно ти е: четка за заби, вазелин или твојот омилен балсам за усни. Намокри ја четката и со нежни кружни движења ексфолирај ги усните. Потоа исуши ги со меко марамче. Следно, стави ја четката во вазелин или балсам и повтори ја масажата на усните. Продолжи околу 2 минути или додека не почувствуваш нежно боцкање. Откако ќе завршиш, твоите усни ќе бидат помеки, поживи, малку поцрвени и ќе изгледаат пополни.

Пробај го овој трик!

Доколку сакаш ефектот на полни усни да го задржиш подолго, пробај го овој домашен рецепт. Земи маслиново или кокосово масло и бибер или цимет. Помешај поливина лажичка од зачините со неколку капки масло и нанеси на усните, нежно масирајќи ги.

Чекор 2потхрани, хидрирај и нанеси восок

Усните подготвени на овој начин полесно ќе ги впијат хранливите состојки. Доколку имаш малку повеќе време, можеш да нанесеш и маска или серум на усните, а пак доколку си во брзање, само втриј малку балсам или масло: кокосовото мириса прекрасно и е одличен за хидратација. По ова, време е за малку боја! Одбегнувај да нанесуваш кармин на голи усни. Затоа, претходно нанеси балсам со што бојата ќе се задржи подолго

Медот е многу добра потхранувачка и хидрирачка состојка која природно ќе ги обнови усните. Нанесувај одвреме-навреме и обиди се да го задржиж што подолго пред да паднеш во искушение да го излижеш

Чекор 3 – исцртај ги усните

Спријатели се со моливчето за усни! Тоа не само што ќе го спречи карминот од размачкување, туку и ќе направи усните да изгледаат пополни и попожелни за бакнување. Одбери моливче за усни кое ќе одговара на твојот кармин или балсам за усни и исцртај ги следејќи ја нивната природна форма. На тој начин ќе направиш да изгледаат оптички поголеми.

Чекор 4 – истакни ја бојата за усни

Меките, полни усни сè што сакаат е боја. Кога одиш на забава, одбери живи, сочни бои. Одбери кармин во форма на пенкало кој практично ќе ги исцрта усните и ќе ги засити со интензивна и долготрајна боја. За бојата на карминот убаво да се всади во усните, можеш да нанесеш малку руменило со врвовите на прстите. Доколку пак сакаш усните да ги направиш уште пополни и да создадеш 3Д ефект, додади малку сјај на средината на долната усна... и подготвена си!

 

Кармин Ultra Color Indulgence

Пенкало-кармин за усни

Сјај за усни Indian Summer

Луксузен кармин Ultra Colour

Самоостречко моливче за усни

Сјај за усни Indian Summer