Македонија
    |         |         |    
BSP_butterfly_makeup

Летна нега за косата

Во летниот период не ѝ е потребна посебна нега само на кожата, туку исто и на косата. Пробај брзи и ефикасни решенија кои ќе ти дозволат да уживаш во прекрасна коса цело лето.

Заштита од сонце

Ултравиолетовите зраци се лоша вест и за кожата и за косата. Прекумерно сонце може да ја направи косата сува, кршлива и избледена. Па затоа, секогаш покриј ја пред да го напуштиш домот. Користи шапки, меки марами, модерни шешири или пак стилски чадор за да ја заштитиш косата од штетните зраци. Тие нека бидат составен дел од твојата дневна гардероба. 

Брзо стилизирање

Кога си на одмор, немаш време за губење. Па, ако сакаш да направиш косата да ти изгледа добро кога си во брзање, земи ББ балсам за коса. Балсамот инстантно ќе ја направи косата прекрасна, а истовремено и ќе ѝ обезбеди интензивна нега, правејќи го стилизирањето полесно. Помага во смирување на електрицитетот и разлетаните влакна, оставајќи ја косата мазна. Користи го како интензивен балсам, пред да ја обликуваш, или пак како балсам за стилизирање наместо регуларната козметика за обликување на косата. Кога не си притисната од времето, исто така нанеси и маска за коса за длабока регенерација и редовно миј ја косата со ББ шампон и балсам за да го потенцираш ефектот. 

Паметно чешлање

На лето косата често се заплеткува од ветерот, пливањето или возењето велосипед. Изложувањето на сонце ја прави уште покревка. Земајќи го тоа предвид, секојдневното чешлање може да предизвика кршење на косата и голема болка. Затоа кога си на одмор третирај ја косата нежно и чешлај ја со паметна четка за отплеткување на косата. Оваа ергономска четка овозможува безболно отплеткување благодарение на флексибилната технологија на запците. Овој популарен бренд за четки за коса е соодветен за сите типови коса и може да се употребува и на сува и на мокра коса. 

Спас од пливањето

Не е мит дека хлорот се лепи на косата, оставајќи безбоен зеленкаст слој. И ова не е само проблем на русокосите, иако слојот е позабележителен кај светлите коси. Затоа, секогаш подготви ја косата пред да одиш на пливање. Сувата коса ја апсорбира првата течност на којашто е изложена, и тоа како сунѓер, па затоа намокри ја косата со вода од чешма за таа да не ја впие хлорираната базенска вода. За дополнителна летна нега и заштита, исто така можеш да ја натопиш косата и со балсам кој не се плакне. 

Третмани за коса

Косата на лето станува сува, груба на допир, разлетана и оштетена поради прекумерното изложување на сонце, ветер и солена вода. За да го одржиш нејзиниот прекрасен изглед, таа треба да биде ревитализирана. Многу практичен начин за тоа е интензивен третман кој не се плакне. Употребувај состојки зависно од потребите на твојата коса. Кератинот го спречува кршењето на косата, прекумерното сушење и раздвојувањето на врвовите, правејќи ја косата мазна и заштитена од високите температури. Аргановото масло длабоко ја потхранува косата и ја прави појака, враќајќи го нејзиниот сјај и здрав изглед. Колагенот го поттикнува волуменот без притоа да ја натежнува косата надолу. Свиленкавите протеини ќе ја направат твојата коса помека, поеластична и прекрасно сјајна. Само неколку капки се доволни да ја трансформираат твојата коса. Епа, каква сакаш да ти биде на лето?

 

 

ББ Третман за коса кој не се плакне Absolute Perfection

Третман кој не се плакне за зголемување на волуменот на косата

ББ Маска за коса Absolute Perfection

ББ Шампон за коса Absolute Perfection

ББ Балсам за коса Absolute Perfection

Интензивно потхранувачки спреј со Nutri 5 комплекс

Серум за суви врвови за сите типови коса

Четка за отплеткување на косата