Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Viva la Vita – нека секој ден биде посебен!

Живеј за да го прославуваш секој момент, цени и уживај го она што го имаш. Ова е наједноставниот пат до среќата кој Италијанците го многу успешно го следат веќе подолго време. Тие не се грижат за утрешнината, бидејќи е подобро да се ужива во сегашниот момент, овде и сега. Биди спонтана; инспирирај се од италијанскиот стил на живот и Viva la Vita (да живее животот)!

Инспирирај се од италијанскиот стил на живот – започни го денот со Viva la Vita!

Земи шишенце од парфемот Viva la Vita, застани пред огледалото и насмеј се од срце. Благодарение на овошно-цветната нота на мирисот, ти ќе добиеш енергија за денот што е пред тебе! Ти изгледаш прекрасно, суптилната шминка совршено ја нагласува твојата убавина, твоите очи се полни со радост – Италијанците би рекле "che bella donna" (колку убава жена)!

Viva la Vita – под италијанското сонце!

Врвни ноти

Помирисај ги врвните ноти – свеж, силен акцент од сочни мандарини и јаболка Pink Lady со нивната прекрасна ароматична обвивка, но и на грејпфрут – едноставно оживеј ги сетилата. Им се насмевнуваш на твоите фантазии, бидејќи за момент се гледаш себеси во сончева градина некаде на југот. Pink Lady е уникатна сорта јаболка со потекло од Австралија. Таа се смета за кралица на јаболката. Во 1973 John E. L. Cripps ја вкрстил сортата Lady Williams со сортата златен делишес. Новосоздадената сорта на јаболка поседува изненадувачка суптилност и слаткост со мали ноти на киселост. Мирисот и вкусот на овие јаболка е впечатливо ревитализирачки и освежителен, како и неговата импресивна, нежна боја. Во комбинација со грејпфрут и мандарина, овие врвни ноти те исполнуваат со оптимизам и ти даваат енергија за целиот ден!

Средни ноти

Средните ноти ја поттикнуваат имагинацијата!Прекрасните, богати ароми на мимозата, розовата магнолија и ружините ливчиња несвесно ќе те натераат да посегнеш за да ја дофатиш росата од ливчињата ...Мимозата цвета во рана пролет: нејзините силни цветови го најавуваат крајот на зимата, додека нејзиниот сладок мирис ги поттикнува најтоплите чувства. На пример, во Русија таа е традиционален цветен подарок за Денот на жената. Мимозата традиционално се бере во близина на градот Грас во Франција. Во парфимеријата се користи долго време. Мирисот на мимозата ги омекнува ароматичните композиции и ги прави подолготрајни. Во комбинација со овошни и цветни ноти, мимозата со својата слаткост ослободува емоции и ти помага да бидеш спонтана и отворена кон луѓето секој ден.

Основни ноти

Го изложуваш твоето лице на утринските сончеви зраци, ја чувствуваш топлината и прекрасната арома на ориенталните, јужни дрвја. Овие основни ноти – топлината на сандаловото дрво, кашмирот и ванилатa – додаваат неодолива фасцинантност на композицијата. Ти ќе станеш магнет за погледи!Тешко е да се биде во подобро расположение од ова! Сега отвори ги очите, земи голтка од одличното кафе и замини на состанокот на денот!

Биди како Италијанките!

Дали се чувствуваш инспирирано? Италијанскиот животен стил ти е на дофат – впрочем, тој е спакуван во едно шишенце! Во текот на денот, Viva la Vita те потсетува да ги прославуваш прекрасните моменти и да си дозволиш да ги затвориш очите и да здивнеш! Нема потреба од брзање! Ова се моментите кои им даваат радост во животот и енергија на Италијанките. Колку прекрасен ден – Che bella giornata! – повторуваат тие секојдневно.

Avon те инспирира да уживаш во животот!

Viva la Vita е новиот мирис од Avon кој инспирира со италијанскиот животен стил. Елегантното шишенце содржи во себе прекрасна арома, совршена за енергичната жена која ужива во животот до максимум, сака еспресо, средби со пријатели и долги разговори. Таа со задоволство би се качила на скутер за да избега надвор од градот, да го почувствува сонцето на југот и топлиот ветрец во нејзината коса. Таа гласно се смее и го цени сето она што ја опкружува: семејството, пријателите, убавината. Бидејќи животот е прекрасен! Вреди да се има страст за него.