Македонија
    |         |         |    
BSP_lip_care

Совети за нега на усни

Дури ни твојот омилен кармин нема да изгледа најдобро доколку го нанесеш на груби и испукани усни. Дознај што треба да направиш за да ги одржиш усните во најдобра форма и секогаш подготвени за шминка.  

Ексфолирање

Доколку сакаш карминот да изгледа совршено мазно на твоите усни, најпрво се препорачува да ги ексфолираш. Тоа можеш да го направиш или со мека четка (четките за заби се совршени за тоа), или пак со нанесување на слатка мешавина од мед и шеќер. По ексфолирањето, не заборавај усните и да ги навлажниш за да постигнеш меко и мазно чувство. 

Хидрирање

Студено време, изложување на сонце, сув воздух во собата или ветер... сè ова може да предизвика сушење на усните, што пак ќе предизвика пукање или пак груба површина која лесно се лупи и не изгледа убаво од естетски аспект. Балсам за усни кој содржи пчелин восок, маслиново масло, шеа путер, витамин Е, или пак масло од јојоба, благодарение на своите хидрирачки и антиоксидантни карактеристики, ќе ти помогне да ги одржиш усните нежни, меки и здрави. Затоа, погрижи се твојот балсам за усни да содржи барем една од овие состојки. 

Релаксација

Стресот на работа, интензивното размислување или пак лошото расположение можат да предизвикаат неконтролирано собирање на усните, со што нивната природна убавина и форма нема да дојдат до израз. Дозволи мускулите на усните одвреме навреме да се релаксраат, така што малку ќе ги разделиш, оставајќи низ тесниот простор да навлезе воздух и вдишувај и издишувај длабоко. Повторувај го ова колку што мислиш дека ти е потребно. 

Совршена шминка за усни

Независно дали одиш на работа или пак на забава, сакаш твоите усни да изгледаат беспрекорно, рамномерно покриени со боја, совршено исцртани според нивната форма. За да направиш твоите усни да изгледаат полни и да ги чувствуваш добро хидрирани, покрај претходните совети, можеш да користиш и кармин со витамини или пак комбиниран кармин и балсам кој истовремено ќе обезбеди и боја и хидратација и ќе имаш 2 придобивки од еден ист производ. Ваквиот кармин ќе направи усните да ги чувствуваш удобно. За совршена шминка за усните исто така се препорачува и моливче во неутрална боја со кое најпрво ќе ги исцрташ усните по нивниот природен облик, а потоа ќе ги исполниш со карминот.