Македонија
    |         |         |    
BSP_fact_myth

Факти и митови за хидрирање на кожата

Хидрирањето веројатно е дел од твојата секојдневна рутина за нега на кожата. Тоа е добро за тебе..., а и за твојата кожа! Иако веројатно веќе знаеш доста за хидрирањето, можеби овие неколку факти ќе ти помогнат да ги разјасниш сомнежите. 

Хидрирање и потхранување на кожата е една иста работа.

Мит. Хидрирањето помага да се задржи водата во кожата, спречувајќи го интензивното испарување преку создавање заштитна бариера. Состојките во кремата кои придонесуваат за овој процес се хијалуронска киселина и глицерин. При потхранувањето на кожата пак, повеќе се работи за подобрување на нејзината состојба преку обезбедување на витамини, есенцијални масни киселини, минерали и други хранливи состојки кои ја потхрануваат кожата, придонесувајќи за нејзиниот здрав изглед. 

На масната кожа не ѝ е потребно хидрирање.

Мит. Прекумерното чистење на кожата или употребата на производи кои содржат алкохол можат да предизвикаат сушење и на масната кожа, така што откажувањето од хидрантни креми ќе предизвика твојата кожа да создава уште повеќе себум. Токму затоа е исклучително важно да водиш посебна нега за масната кожа кога се работи за хидрирањето. Се препорачува да одбереш лесни гелови кои брзо и лесно ќе се впијат во кожата. 

За дневно и ноќно хидрирање потребни се различни креми.

Факт. Кожата се однесува различно за време на денот и додека спиеме. Изложувањето на сонце, контаминацијата, стресот, квалитетот на воздухот во собата, собната температура, а се разбира и начинот на исхрана, влијаат на состојбата на кожата. За време на денот кожата треба да биде заштитена од надворешните фактори, како што се сончевите зраци и загадувањето на воздухот (затоа и дневните креми содржат заштиртен фактор), додека пак за време на ноќта на кожата ѝ е потребно регенерирање и комплетно хидрирање, или со други зборови, потребен ѝ е одмор и враќање на силата за следниот напорен ден. 

Хијалуронската киселина помага во хидрирање на кожата

Факт. Хијалуронската киселина природно се создава во клетките на кожата. Формира заштитен слој кој го спречува испарувањето на водата и ја одржува кожата хидрирана. Со стареењето, создавањето на хијалуронска киселина се намалува, што може да резултира со појавување на првите брчки. Кремите кои содржат хијалуронска киселина помагаат во заменување на овој елемент во кожата, истовремено помагајќи и во враќањето на нејзината нежност и помладешки изглед.  

 

Пиењето многу вода е доволно за да ја одржи кожата хидрирана.

Мит. Количината на вода којашто треба да биде испиена во текот на 1 ден е 1,5 л. Тоа ни помага во варењето на храната, во чистење на крвта од токсини и да – го хидрира целото тело... но, сепак не во доволна мера. Покрај пиење голема количина на вода, неопходно е да се нанесуваат и хидрантни креми, со цел кожата да биде доволно хидрирана и заштитена.    

На различни делови од телото им се потребни различни хидрантни производи

Факт. Иако кожата се третира како еден орган, на различни делови од телото таа се однесува различно. Така, кожата на лицето е поподложна на акни и горење од сонце, додека пак кожата на лактите и петиците полесно и побрзо огрубува. Затоа неопходно е да се користат различни креми кои ќе ги адресираат различните потреби на телото. Исто така, не заборавај да ја прилагодиш кремата и за твојот тип на кожа.