Македонија
    |         |         |    
BSP_skin_treasures

Водич за четки за коса

 

Ајде еднаш засекогаш конечно да го решиме проблемот со четките за коса. Прочитај го овој краток водич и одбери ја совршената четка за коса која ќе одговара на твоите лични потреби.

За волумен

                                                                                

Доколку сонуваш за впечатливи крупни локни на косата и екстра волумен, користи голема четка за фенирање. Топлиот воздух од фенот за коса ја загрева внатрешноста на четката и помага во обликувањето на косата во посакуваниот правец. Воздухот којшто навлегува низ отворите истовремено ја суши косата многу побрзо. Оваа четка е најдобра за средно долга и долга коса.

Пред да почнеш со обликувањето, измиј ја и исуши ја косата, оставајќи ја малку влажна. Доколку сакаш да додадеш волумен, намести ја четката на коренот на праменот и бавно влечи ја до врвовите. Следи ја четката со фен, влечејќи надолу, со тоа што врвот на фенот ќе го наместиш веднаш над четката.

За навиткување       

                                                                             

Сестра на големата четка за фенирање, но со помал дијаметар. Малата четка за фенирање создава кадрици, додава волумен, ја истакнува текстурата и совршена е за фенирање во слоеви. Се препорачува за коса со должина до рамената или пократка.

Малата четка за фенирање помага во создавањето на погусти кадрици. За да го постигнеш тој ефект, движи ја четката од средината на должината кон врвовите, замотувајќи го праменот околу самата четка. Следи ја четката со топол фен, а потоа дозволи ѝ на локната да се излади на четката. За да го постигнеш ова, едоставно исклучи го фенот, или пак користи ја опцијата за дување на ладен воздух.

Нека биде мазна           

                                                            

Правоаголната голема четка како лопатка е дизајнирана за совршено да ја измазни косата. Правоаголната форма дозволува рамномерно да се расчешла секој прамен од косата и да се измазни со едно дување на фенот. Добра е и за долга коса, и за пократка.

Универзален избор  

                                                    

Универзална четка за лесно расплеткување. Одговара на сите типови на фризура и за сите должини. Меките, еластични запци нежно ја расплеткуваат косата, а заоблените врвови го заштитуваат скалпот.

Брзо обликување     

                                                          

Четката со отвори е совршена за брзо сушење на косата, со што го прави и обликувањето побрзо. Најдобра е за пократка коса. Отворите му дозволуваат на топлиот воздух да навлезе во внатрешните слоеви на косата, а помага и во подготвување на косата за обликување и измазнување без да создаде електрицитет.

Измиј ја косата и исуши ја со крпа. Потоа земи ја четката со отвори и почни нежно да ја отплеткуваш косата. За да ја подигнеш косата, намести ја четката на корените и дувај со фенот нагоре за да додадеш волумен.  

Чешел за стилизирање                      

                                

Овој чешел е совршена замена за професионалните фризери дома и дефинитивно помага во идеално разделување на косата. Чешелот со два краеви кои имаат запци со различна густина помага во обликувањето на косата, давајќи ѝ волумен или стилизирани локни со различна дебелина.

Нека биде права         

                                     

Бараш лесен начин за исправување на косата? Сега постои еден! Откриј го чешелот за исправување на косата за совршено мазен ефект. За да ја направиш твојата коса екстра мазна, намести го праменот помеѓу двата дела од чешелот и суши ја косата со фен, движејќи го надолу кон врвовите. Повтори и со останатите прамени.

Провери го твојот изглед          

                                                         

Практичната 2 во 1 четка и огледало на расклопување нежно ја отплеткува твојата коса.  Совршено ја собира во секоја чанта и е неопходна за секое патување, или пак за на плажа. Со огледалцето можеш во секое време дискретно да го провериш твојот изглед и ќе бидеш секогаш подготвена кога сакаш да го поправиш изгледот.

За уште поголемо задоволство при облукувањето на косата, четките на AVON имаат ергономичен, нелизгав дизајн, со што овозможуваат уште поголема удобност и контрола