Македонија
    |         |         |    
7 начини да станеш бунтовник без да се покаеш - AVON Македониjа

7 начини да станеш бунтовник без да се покаеш

Се вели дека добрите девојки се посакувани, но лошите, со бунтовна душа се посреќни. Дали си ти е доста од тоа да правиш сé правилно? Одлично! Не мора да се трудиш баш секому да му се допаѓаш!

Жените имаат тенденција да бидат "премногу добри". Сепак, целта не е да се стане неразумен или дрзок, бидејќи бунтовник не подразбира недостаток на добри манири.

Бунтовниците го доведуваат во прашање стандардниот начин на размислување; тие не дозволуваат некој да го фрли својот товар врз нив, тие знаат да кажат "НЕ" и не се плашат да ги бранат своите верувања.

Како да станеш бунтовник и зошто вреди да го направиш тоа?

7 НАЧИНИ ДА СТАНЕШ БУНТОВНИК БЕЗ ДА СЕ ПОКАЕШ

1. Вежбај да кажуваш “НЕ”

Ова е клучната вештина на бунтовниците. Децата се одлични во тоа: нивното "не" може да биде навистина моќно и секоја мајка може да го потврди ова. За жал, кога ќе пораснеме, ја губиме оваа способност, особено бидејќи родителите и наставниците со задоволство го поттикнуваат тоа.

"Не" е важно - не само во приватниот живот, туку и на работа и во сите општествени односи. Психолозите тврдат дека вистинско, силно "не" е неопходно за вистинско "да". Ова е вистина, бидејќи за вистински да се согласиш, мора да имаш право да одбиеш без чувство на вина, срам и изговори, често насочени да не разочараш никого.

Како да научиш да кажеш "не"? Вежбај! Го имаш сето право да го сториш тоа!

 

2. Воспостави ги и менувај ги твоите граници

Не, ние не те советуваме да објавуваш војни. Прво, мора да се одредат границите кои ги поставуваме околу како знак „стоп“, за да можат останатите околу нас да знаат што можеме да прифатиме, а што не. Второ, потребно е истите тие граници да ги поместуваме од време на време, за наше добро.

Свесноста за нашите граници, за она што го сакаме и она што не го сакаме, навистина е од суштинско значење, бидејќи ни дава сигнал да го кажеме погоре споменатото "не".

Сепак, важно е да се запомниме дека понекогаш нашите граници можат да бидат прилично конзервативни и можат да произлезат од страв од потсмевање, од правење будала од себеси или од загриженост за тоа како другите можат да нè гледаат. Ако твоите граници се премногу тесни и се чувствуваш ограничено, како во премногу тесна облека, крајно време е да поработиш на оваа тема!

7 НАЧИНИ ДА СТАНЕШ БУНТОВНИК БЕЗ ДА СЕ ПОКАЕШ 1

3. Предизвикај го конвенционалното

Кој рече дека не можеш да направиш нешто? Често сме ограничени со разни формалности и правила (не мора да се оние добрите) кои сме ги примиле за време на процесот на растењето.

Вистинските бунтовнички ги знаат предностите кои ги носи предизвикувањето на конвенционалноста. Ако жените пред 100-150 години не успееле да ја доведат во прашање тогашната состојба на работите, ние денес немаше да уживаме во правото на глас, да патуваме низ светот, да носиме панталони, па дури и кармин!

Никој не знае како ќе изгледа светот за 50 години, но сигурно е дека денешните бунтовници значително ќе го оформат. Твоите избори се важни!

 

4. Експериментирај со очигледното

Дали посакуваш да престанеш да бидеш добра девојка, но не знаеш како да започнеш? Експериментирај со работи кои изгледаат очигледни. Не мора да ја бојадисуваш твојата коса виолетова или да носиш флуоресцентен кармин, но обиди  се некои работи да ги правиш поинаку.

Можеш да експериментираш со твојата шминка, облека или мирис.

Пробај го новиот мирис Far Away Rebel и уживај во мирисни ноти кои ја зајакнуваат твојата енергија, го подобруваат твоето расположение и прават другите да те забележат на поинаков начин.

Ова може да биде прв чекор кон транзицијата која ќе ти го промени животот!

7 НАЧИНИ ДА СТАНЕШ БУНТОВНИК БЕЗ ДА СЕ ПОКАЕШ 2

5. Имај свое сопствено мислење

И не плаши се да го одбраниш. Ако сметаш дека другите ти ги наметнуваат своите начини на размислување, постојано ги преминуваат границите или те оптоваруваат премногу, врати се на првата точка од оваа статија.

 

6. Престани да мислиш дека можеш да ги задоволиш сите

За жал, многу жени сé уште го чувствуваат притисокот да ги задоволат сите наоколу. Тие сакаат да бидат совршени на работното место, вредни сопруги, идеални домаќинки, најдобри мајки, и згора на тоа, тие се трудат да имаат време да се грижат за себе и добро да се одморат.

Често, овие очекувања не се вистински, па за да можеш да пронајдеш момент за себе во целодневната бркотница, ќе мораш да предадеш некои од задачите на некој друг и да оставиш тие да се справуваат со истите.

Ништо нема да се случи ако твоето семејство јаде пица или порачате нешто за ручек еднаш неделно. Светот нема да заврши ако не го запазиш крајниот рок понекогаш, или ако твојот сопруг самиот ги испегла своите кошули. Грижи се за себе, бидејќи ако не го сториш тоа, нема да имаш сила да се грижиш за другите.

 

7. Уживај!

Да се биде бунтовник значи да се промени светот, дури и ако тоа го подразбира оној мал свет околу нас.

Со поместувањето на границите на она што можеме да го прифатиме, со одлучното кажување „не“, со поседувањето на лично мислење, наоружани со здрав егоизам, можеме да ги промениме нашите животи и да создадеме простор за другите жени да имаат храброст слободно да се изразуваат.

Вреди да се прави сето ова, бидејќи тоа го прави светот попријатен: не само за нас, туку и за генерациите на жени и мажи кои доаѓаат по нас.