Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Овој Свети Валентин, дозволи си повеќе љубов!

На Свети Валентин ќе имаш многу идеи како да ги искажеш силните чувства кон твојот партнер и да доживееш прекрасна вечер. Насекаде можеш да чуеш добри совети. Но дали некој те советува како да се чувствуваш посебно на тој ден? Ние мислиме на тебе! На крајот, колку повеќе се сакаш себеси, толку подобар состанок ќе имаш. Еве што можеш да си дозволиш.

1.    Започни го денот на најдобар можен начин!

Дај си себеси слободен ден! Не станувај набрзина, не трчај кон обврските, само истегни се како мачка и мирно остави соништата да си заминат.

2.    Не прави планови

Изеди вкусен, лесен појадок кој ќе ти даде енергија. Не прави планови! Направи долга прошетка. По враќањето, слушај музика, танцувај или читај. Состани се со пријателка или изненади се себеси со убаво парче накит од Avon.

3.    Досадувај се!

Не мора да правиш ништо! Мал момент на досада е фантастична релаксација за мозокот. Научниците одамна докажале колку таквите моменти на неактивност се важни. Мозокот едноставно бара пауза, особено кога секојдневно е бомбардиран со илјадници вести. Благодарение на досадниот момент, ти подоцна ќе бидеш покреативна и лесно ќе ги разрешиш сите проблеми. Дури и облекувањето за состанокот на св. Валентин нема да претставува потешкотија!

4.    Направи си домашно СПА

Пред да заминеш на состанок, дозволи си себеси уште порелаксирачки моменти! Разбуди ги сетилата со мирисна пенлива бања и СПА ритуали. Чувствувај се како арапска принцеза, обвиткај се со арганово масло и користи дрвен масажер за тело. Ова е совршено опуштање. Уживај во релаксирачката лаванда во СПА ритуалот со путерот за тело од линијата Planet Spa. Лавандата совршено го смирува нервите и го намалува стресот.

5.    Пробај нова шминка

По СПА ритуалот, твоето опуштено и розово лице ќе изгледа прекрасно со шминка. Пробај нешто ново. Ако најчесто си користела само една сенка за очи, овојпат пробај го целиот комплет. Експериментирај со нијансите на кармин – ваков ден е совршена прилика да промениш нешто!

Имај прекрасна вечер! Бидејќи, по ваков ден ти навистина ќе изгледаш прекрасно, апсолутно сме сигурни во тоа!