На прославата на 120 години од нашето постоње, зборовите на нашиот основач не можат да звучат повистинито. Како компанија, нашиот козметички бренд и лидер во директна продажба, не одржуваше на челната позиција, декада по декада. Ние континуирано се развиваме со цел да ги задоволиме желбите и потребите на новите генерации потрошувачи и претставници.
Приказната на Avon започна во Њујорк во 1886 година со продавачот на книги од врата до врата - David H. McConnell, кој често на своите Клиентки им подарувал парфем со купување на книга. Набргу сватил дека тие повеќе го преферирале парфемот од книгите, и така се родила идејата за нов бизнис.
Госпоѓа P.F.E. Albee станува првиот Avon Претставник, и една од првите вработени жени во Америка. Така започнала традицијата на комапнијата за инспирирање и поттикнување на жените, дури 34 години пред тие да го добијат правото на гласање во САД.
Секој ден, Avon живее според својата мисија - да биде компанија за жени. Во изминативе 120 години, прераснавме во:
• Најголема светска компанија за директна продажба, со повеќе од 5 милиони претставници, работејќи во повеќе од 100 земји низ светот.
• Глобален гигант од 8 милијарди долари, и еден од водечките светски козметички брендови кој опслужува повеќе од 300 милиони клиенти и има 90% свесност за брендот
Кариера сo Avon
Слободни работни места Станете наш Претставник
Аплицирајте Online