Македонија
    |         |         |    


 
   
 
 
   
 

Безбедно користење на Avon производите

Безбедноста на Клиентите е број еден приоритет за Avon. Ние сме посветени на создавање и продавање на исклучиво безбедни за користење производи, користејќи за нив проверени и сигурни состојки, и сообразување со законските регулативи на секоја замја во која Avon ги продава своите продукти. Ние од близу ги мониторираме сите посоечки и предложени регулативи за продажба на нашите производи за да бидеме целосно информирани и во согласност со законите.

Светски стандард за безбедност на производите

Avon потполно ги почитува сите законски регулативи за продажба на производите во секоја земја во која работи. Иако законските регулативи можат да варираат од земја до земја, Avon ги применува глобалните стандарди за безбедност на производите, без оглед на замјата во која се продаваат.

Безбедноста на производот мора да биде проверена пред тој да биде лансиран на пазарот. Ние ќе бидеме строги во проверката на безбедноста на производите кои се во рацета на нашите клиенти. Доколку се појави случај некоја состојка да почне да се евидентирана како недоволно безбедна за употреба, ние веднаш ќе ја отстраниме од нашите козметички производи.