Бизнис етика во Авон
Во Авон, настојуваме да ги одржуваме највисоките стандарди на интегритет и етика, содржани во вредностите на нашата компанија и во согласност со духот на сите закони и регулативи. Секој член на Авон е индивидуа одговорна за строга согласност со принципите на нивната работа. Информациите ставени на оваа интернет страна ги отсликува нашите обврски за да ги зачуваме нашите највисоки стандарди во областа на етиката. Во 2004 година, Тимот на Авон задолжен за етиката, креираше нов Кодекс на Бизнис етика, како и семинар за етика за членовите на Авон кои бројат47,700 насекаде низ светот. Комплет од Колективен Прирачни за управување, кој ги опишува политиките и искуствата на Членовите на одборот на директори. Овој прирачник е достапен и можете да го преснимите од страната на нашиот инвеститор.
Авон продолжува да ужива совршен углед за интегритет и раководење со бизнисот. Една широко почитувана публикација, Списание за бизнис етика, го искачи Авон на едно од 100-те Најдобри Граѓани шест години по ред.
"Бизнис опкружувањето никогаш порано не било толку предизвикувачко или сложено, особено за компанија како што е Авон, која што го води бизносот скоро во секоја земја во светот. Само преку највисоките етички принципи и корпоративната култура која ја препознава вредноста во согласност со овие стандарди, Авон ќе може да погледне напред кон континуиран успех во иднината.
Совршената репутација на Авон е изградена на гордо наследство – прави добро правејќи го како што треба. Повеќе од еден век, ние го поставуваме највисокиот пример на интегритет и етика во сите наши односи – со напите акционери, партнери и претставници; нашите доставувачи и конкуренти; државата и јавноста. Нашите вредности и принципи се темел не само за минатото на Авон – туку и за неговата иднина"
Андреа Џанг, Претседател и Главен извршен директор
|