Македонија
    |         |         |    
"ЗАСВЕТИ РОЗОВО" - Кампања за борба против ракот на дојка

AVON Македонија, како компанија која општествената одговорност ја позиционира на врвот од агендата на своето делување, го обележа "розовиот" октомври - светскиот месец за борба против ракот на дојка.


На 1 октомври под мотото ЗАСВЕТИ РОЗОВО, беше лансирана голема кампања за борба против ракот на дојка со поставување на розов СОС телефон на различни локации во Скопје. Розовиот телефон со своето ѕвонење симболично му се обраќаше на секој граѓанин, кој не смее да заборави дека борбата со ракот ќе биде успешна само доколку болеста е рано дијагностицирана.

Слушни ја нашата порака!


Целта на поставувањето на розовот СОС телефон беше граѓаните да се информираат за бесплатните телефонски линии за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и да ја пренесат пораката на секоја жена на која ? треба каква била помош, совет или информација.

Погледни го видеото од розовиот СОС телефон!


Дополнително, во рамките на кампањата ЗАСВЕТИ РОЗОВО, AVON Македонија направи повик и самите граѓани да ја дадат својата поддршка и да се вклучат во акцијата за популаризирање на оваа порака. Имено, активисти на кампањата низ улиците на Скопје делеа розови сијалици и од граѓаните побараа на 17-ти октомври во 20 часот да го вклучат своето розово светло како симболичен гест на солидарност со сите оние чие здравје и живот се загрозени од ракот на дојка.



Иницијативата имаше одличен одзив и на 17-ти октомври градот Скопје светеше во розова боја!

Погледни ја целата галерија!



Сепак, кампањата ЗАСВЕТИ РОЗОВО и немаше да биде толку успешна доколку во најголема мера не се одвиваше и на социјалните медиуми facebook.com/AvonMacedonia и Twitter @ZasvetiRozovo.

Всушност, секој кој сакаше да придонесе имаше можност да ја популаризира акцијата преку преземање на кавер и профил слики за своите профили на социјалните мрежи, а дополнително во популаризирање на кампањата беа вклучени и 5 амбасадорки кои го дадоа својот несебичен придонес за масовизирање на севкупната кампања на социјалната мрежа Твитер.

Слушни ги емотивните пораки на Твитер амбасадорките!


Иницијативата на Твитер достигна толку голема масовност, што пораката на AVON Македонија успеа да биде најсподелувана за целиот месец октомври и да влезе на најпопуларниот агрегатор за вести Time.mk



Кампањата ЗАСВЕТИ РОЗОВО AVON Македонија ја заокружи со реализирање на донација во висина од 15.000 долари кон својот долгогодишен партнер – здружението "Борка – за секој нов ден".