Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Азбука на боите

Виолетовата изгледа прекрасно како контраст на светло сините очи, нагласувајќи ја нивната боја. Само најпрво справи се со темните кругови околу очите, тие не се согласуваат добро со виолетовата. Тоа е боја на почитта, елеганцијата и софистицираноста. Виолетовата изгледа одлично во бизнис и официјални прилики.

Тиркизната е нијанса која нѐ пренесува на азурните брегови. Ја зголемува енергијата и прави да се чувствуваш секогаш млад. Подобро е да се користи како шминка во комбинација со кафени и сиви бои како акцент, на пример линија над горниот капак на очите. Следи ги истите правила и со резеда зелената нијанса. Златната дава сјај на очите и лицето. Нејзините честички ја рефлектираат светлината додека ти уживаш на сонце.

Златната претставува прекрасна сенка за очите. Оваа впечатлива боја е идеална за навечер, додека суптилните детали го подмладуваат изгледот во текот на денот.

Розовата е романтична, суптилна, нежна и многу женствена! Го намалува стресот, опушта и смирува. Усните и образите изгледаат прекрасно со неа. Бледо розовата прекрасно му прилега секому. Дава свежина и сјај на очните капаци а во исто време го прикрива уморот.

Сивата и графитната најмногу одговараат како сенки. Тие ги смируваат понападните нијанси и се незаменливи во секојдневната шминка. Сивата секогаш ги нагласува очите, додека графитните линии на очите се навистина универзални.

Сината е боја на слобода и хармонија, го ослободува умот – само погледни во небото! Многу одамна, политичарите ја откриле нејзината смирувачка моќ. Сината е идеална за пролетните денови. Нанесена на горните капаци ги прави очите појасни. Слободно користи ја, освен ако имаш зелени очи.

Жолтата значи енергија и чиста обнова. Одлично функционира во тешки денови, бидејќи жолтата нијанса на облека помага лесно да се надминат потешкотиите. Нанесена на очите, најдобро се комбинира со потемен тен. Ако немаш темен тен, користи ги жолтите нијанси за средината на очниот капак или како линија над трепките за да го зоветлиш лицето.

Зелената е боја на надеж, утеха и хармонија со природата. Користи ја спорадично, повеќе како акцент отколку како целосна шминка. Сепак слободно можеш да ја имаш на твоите нокти. Зелената гардероба најдобро им прилега на црвенокосите.

Портокаловата прекрасно оди со исончан тен, затоа остави ја за доцната пролет кога веќе доволно има сонце. Во меѓувреме, не штеди ја и слободно нанеси ја на ноктите. Бидејќи оваа боја ја подобрува комуникацијата, портокаловите акценти можат да помогнат во тек на важни состаноци.

Црвената е кралица на боите, таа заведува и го зголемува пулсот на срцето. Ова е боја за храбрите, бидејќи не може да помине незабележана. На усните, таа е безвременска класика. На очните капаци прекрасно се вклопува како мал акцент - за бринетите и црвенокосите.