Македонија
    |         |         |    
BSP_Inspirations_photo_shoot

Биди икона на женственоста

Да изгледаш како ѕвезда секој ден е лесно доколку ги знаеш вистинските трикови. Следи го стилот на познатите модни икони и изгледај како од улиците на Лондон, Париз и Њујорк. Погледни ги кратките обуки!

Лондонски гламур

Наша инспирација: Kејт Мос

Лондон сака рок стил. Кожни јакни, светкави парчиња, класична црна гардероба, смела шминка на очи и нежни усни се она што ти треба за комплетен лондонски изглед. Можеш да се поиграш со шари за да го зачиниш изгледот. Не заборавај чевли на платформа. Тие се задолжителни оваа сезона!

Совети за шминкање

1. Нагласување на контурите на лицето е она што е модерно во моментов. Постигни го овој ефект со бронзер, нагласувач или руменило (пробај: Руменило Ideal Luminous или Трибојното руменило). Нагласи  под јаболчниците, врвот на брадата и аглите на челото. Нанеси руменило на јаболчниците.

2. Нагласи го горниот дел на јаболчниците и пределот под веѓите.

3. На очните капаци нанеси златни нијанси на сенка за очи кои одговараат на природниот тен. За попрецизна апликација намокри го апликаторот.

4. Користи кафено моливче за очи за дефинирање на очите. Повлечи линија од долната и горната линија на трепките и спој ги. (Пробај го Моливчето за очи Bronze Sheen). Заврши со маскара која ќе ги извитка и издолжи трепките на пр. Маскарата Avon Infinitize.

* Смело нашминканите очи се комбинираат со нежни усни. Направи усните да изгледаат природно со неутрални нијанси на кармин. За карминот да трае подолго претходно нанеси балсам за усни.

Париски шик

Наша инспирација: Мерион Котијард

Никогаш не можеш да погрешиш со безвременска класика! Парижанките добро го знаат ова и затоа секогаш блескаат со беспрекорен стил. Мал црн фустан, бела крагна, високи потпетици, класичен црн кармин и моливче за очи изгледаат убаво без оглед на приликата.

Совети за шминкање

1. Дефинирај ги веѓите со кафено моливче за веѓи.

2. Нанеси светла нијанса на сенки за очи на очните капаци сè до линијата на веѓите (Еднобојна сенка за очи True Color Soft Vanilla или Четирибојни сенки за очи True Color Stone Taupes, нијанса бр.1).

3. Дефинирај ги очите со кафено моливче, повлекувајќи линија на горниот очен капак и нежно размачкај ја. Од средина на долниот очен капак кон надворешниот агол на окото повлечи линија со бело моливче. Заврши со маскара.

4. Комплетирај го класичниот изглед со црвен кармин на пр. 3Д Испакнувачки кармин  Power Trip.

 

Њујоршки стил

Наша инспирација: Сара Џесика Паркер

Доколку сакаш разновидност и експериментирање со твојот изглед тогаш Њујорк е место за тебе. Полн со индивидуалци овој град крие инспирација на секој агол. Поиграј си со изгледот и откриј нешто ново за тебе. Најлесниот начин како да започнеш е со шминката. Интензивно руменило те носи во вистинска насока кон њујоршки изглед.

Совети за шминкање

1. Дефинирај ги очите со смело, црно моливче. Повлечи линија следејќи ја линијата на горните и долните трепки.

2. Одбери нијанси на сенки за очи инспирирани од животот во големиот град на пр. Четирибојни сенки за очи True Color Urban Skyline. Помешај ја потемната нијанса со моливчето за очи и заврши со посветла нијанса на аголот на окото. Потоа нанеси маскара.

3. Нанеси светкаво руменило на јаболчниците. Започни блиску до носот и движи се кон слепоочниците.

4. Комплетирај ја шминката со кармин во неутрална нијанса. На средина на усните нанеси безбоен сјај за усни за да изгледаат поисполнето.