Македонија
    |         |         |    
BSP_Article4

Вистинска елеганција: како да ја одржуваш без да банкротираш?

“Вистинската елеганција е насекаде, особено во работите кои не се гледаат”— овој цитат на Кристијан Диор совршено ја објаснува суштината на темата. Дали сакаш да фасцинираш со елеганција, стил и гламур? Искористи ги овие совети и не мисли дека треба да потрошиш цело богатство за да станеш дама со стил.Елеганцијата е како добрата мода: безвременска. Трендовите се менуваат, но малиот црн фустан и високите потпетици секогаш остануваат во мода. И токму затоа, ако сакаш да плениш со стил и гламур, не купувај скапи работи, туку наместо тоа избирај мудро. Ти нудиме неколку препораки што вреди да имаш, без оглед на сезоната! “Луксузот не е спротивно од сиромаштија, тој е спротивно од вулгарност”Ова се зборови на славната Коко Шанел, која ја познаваше елеганцијата како никој друг. Дури и денес, нејзините класични костуми, здолништа, јакни и марами се парадигми на стил и совршен вкус.Дали сакаш да бидеш како Коко? Не мора да носиш колекции од високата мода! Инвестирај во оновни парчиња и поиграј си со модните додатоци. Запомни, во денешно време бисерите не мора да бидат вистински за да изгледаат беспрекорно. Носи еден наместо многу прстени (пробај ја нашата колекција од вистинско сребро со дијамант), избери марама и освој го светот!

 “Елеганцијата е добар вкус со примеса на смелост”Оваа изјава е на Кармел Шоу, легендарнaтa уредничкa на Harper’s Bazaar. Согласно на оваа изјава, не заборавај да бидеш интригантна, на пример со нов мирис. Да се биде елегантна не значи да бидеш обична. Кога изгледаш одлично, луѓето те забележуваат, a ти треба да уживаш во тоа!Избери парфем кој суптилно ќе ја нагласи не само твојата убавина, туку и твоето расположение. Пронајди нешто трајно, така што мирисот ќе те придружива онолку долго колку што ти сакаш. Пробај ја нашата нова EVE колекција, вклучително и EVE Elegance со ноти на круша, магнолоја и килибарно дрво: суптилен, а сепак многу гламурозен мирис! “Модата бледнее, само стилот останува ист”Овие зборови повторно се на Коко, експертот за елеганција. Навраќај се на овие зборови секојдневно, на пример кога нанесуваш шминка. Вистина е дека трендовите се менуваат, но она што е класично, безвременско и елегантно — останува. Сепак не сакаш да ризикуваш? Користи класични бои. Може да бидеш смела со нијансите на карминот, но пробај да избереш нешто од црвените нијанси наместо од виолетовите, на пример.  

 “Жената со добри чевли никогаш не е грда”Истото се однесува за жена со негувани раце. Негувај ги постојано и никогаш не престанувај. Кожата на рацете побрзо старее, особено ако е изложена на штетните сончеви зраци или детергенти. Грдите, запуштени нокти може да го уништат ефектот дури и на најневеројатните креации.  “Насмевката е најдобриот аксесоар на жената”Сакаш да си елегантна? не заборавај да се насмееш! Стилот исто така, соодвествува на твојот животен стил: дали си отворена, љубезна и љубопитна. Тој е сјај во очите, добро расположение и одличен хумор. Важно е да обрнеш внимание на тие особини, бидејќи само во синергија тие креираат комплетна, безвременска елеганција.