Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Запознавање со...

Во улога на модел за претприемништво во својата заедница, Претставниците на AVON сега се и наши вистински компаниски модели. Тазе излезени од печат, претстојните брошури на AVON ќе ги содржат неколку од нашите најинспиративни AVON Претставници. Овие жени го отелотворуваат концептот “Убавина со цел”, а преку убавината секојдневно ги инспирираат и останатите. Во овој серијал, ќе ви овозможиме краток поглед на нивниот инспиративен и охрабрувачки животен пат.

 

Марија Бачевска Тренчевска од Скопје е AVON Претставник од 2013-та година. Неколку години ги користела производите од  AVON, но ги порачувала од други, и еден момент решила дека е време, наместо да чека и од друг да порачува, таа се зачленува и почнува сама да си планира кога и што ќе порача.

Моментот на одлука бил поттикнат и од фактот дека и нејзината ќерка, сестра, внука и мајка, како и некои поблиски роднини ги "навлекла" на производите од  AVON. Денес, тој круг на кориснички на AVON полека, но сигурно почнала да го шира, со надеж дека секоја следна година ќе биде поуспешна од претходната и со повеќе новостекнати клиенти.

За мене, охрабрувањето значи:

Пред сѐ сама да си задоволна , среќна и исполнета од тоа што го работиш за да имаш стимул и мотив за да постигнеш уште повеќе, и секако, тие што ти се важни во животот да те поддржуваат во тоа и да се гордеат со твојата работа и да веруваат во твојот успех. Се охрабрувам кога ќе успеам да привлечам нови клиентки во АVON, или кога ќе успеам да ги убедам во квалитетот на производите.

Се чувствувам најубаво кога:

Го надградувам своето знаење во различни области, се усовршувам со нови вештини, стекнувам нови искуства и пријатели; кога можам на некого да помогнам, да направам среќен и секако кога моите клиентки се задоволни од добиените производи од Аvon. Многу често знаат и по неколку пати да ми се јават и да ми кажат, леле колку ми е убав накитот, шминките ми се ептен погодени, како ми стои ташната, марамата ...

Најдобриот совет од мојата мајка:

Секогаш биди своја, имај позитивна мисла, крената глава, насмеано лице, не прави зло. Доброто со добро се привлекува.

Ваша омилена изрека е:

Некои луѓе не можат да разберат дека изгледот и парите не се она што човекот го прави Човек. (Во денешно време некако се помалку се ценат вистинските вредности на човекот, добрината, искреноста, помошта што ја даваат, сѐ некако се гледа низ призма на пари, физички изглед, позиција, за жал ...)

Моето “тајно оружје” е:

Секогаш скромна, ненаметлива, искрена ...

Пријателството е:

Пораснавме, го нема веќе она јавување по 20-тина пати на ден, со прашања каде ќе шетаме, што ќе облечеме, како ќе се нашминкаме, а дечките ќе бидат ли таму ... но, секогаш сме тука една за друга, и во добро и во лоше, се помагаме, се тешиме, се советуваме, си ги причувуваме децата....   Тоа е пријателство кое трае, не е само на одредено време.

Моите викенди типично се:

Посветени на семејството, заеднички спортуваме, пешачиме, планинариме, возиме велосипеди и ред други работи шреку кои едноставно сме среќни заедно.

Сакам да си бидам свој шеф бидејќи:

Тогаш би можела сама да си го планирам времето, да си одредувам денови за работа, денови за АVON, денови за слободни активности, а при тоа воопшто да не се грижам што ќе каже шефот, или колку долго сум се задржала надвор од канцеларија, посветувајќи се на други - за некого споредни, а за мене важни работи.

Мојот најголем квалитет е:

Секогаш достапна за семејството и пријателите, насмеана, ведра, комуникативна, аналитична, волна за истражување, тимска работа, истрајна, спремна секогаш да помогнам ...

Ако се насукам на напуштен остров, со себе би понела:

Сите производи на АVON, книга ... и на пуст остров жената мора секогаш да биде средена физички, и исполнета психички. Мирна душа, полно срце, исполнет ум,  убав изглед - комплетно среќна жена!