Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Постигни ги своите цели за убавината

Дали мислиш дека совршената кожа и прекрасната сјајна коса постои само во списанијата? Дали мислиш дека совршениот мејкап ти е далеку од дофат? Дали сметаш дека виткото и цврсто дело е еднакво на бројни откажувања во животот? Всушност, сето ова може да се постигне на дневна основа. Претвори го режимот за убавина во навика и научи неколку трикови ... и ќе имаш сѐ!

Кожа за фалење

Клучот за убава кожа е во правилната хидратација и потхранување. Звучи доста едноставно, но за да ја имате совршената формула треба да го третирате процесот на хидратација и потхранување како режим од повеќе чекори. Не е доволно само да го истапкате кремот на лицето. Првиот чекор до убава кожа е чистењето. Користете гел за чистење секој ден, а потоа и тоник. Само после тоа вашата кожа е подготвена да го апсорбира кремот и да ги почувствува придобивките од виталните состојки кои ќе направат да изгледате прекрасно. Двапати неделно направете пилинг на кожата. Пилингот ќе помогне во отстранувањето на мртвите клетки на кожата, кои делуваат неестетски нагласени со шминката и црнките. Двапати неделно е, исто така, пожелно да одвоите малку време и да нанесете маска за лице која ќе помогне кожата да се освежи и да добие дополнителна енергија. Покрај негата, најлесниот начин за прекрасна појава е да се храните здраво и избалансирано, да пиете околу 2 литри вода на ден и на крај, но не помалку важно е ... добро да се наспиете!

Шминка за истакнување

Сите го започнуваме шминкањето со нанесување на пудра, иако треба да запомниме најпрво да нанесеме хидратор кој ќе ја омекне и измазни кожата. Ако немате такво нешто при рака, изберете ББ крем кој, во исто време, ќе ја тонира и негува вашата кожа. Улогата на пудрата е да го направи лицето беспрекорно и без маани, иако, на тој начин лицето го губи својот димензиониран, живописен изглед и дури може да изгледа “безлично”. За да го разиграте малку, со неколку потези нанесете осветлувачка пудра во прав врз лицето и додадете малку руменило. Третирајте ја пудрата како платно на кое треба да сликате и изберете ја онаа која најмногу одговара на вашиот тип на кожа и природниот тен на лицето. За чувствителна кожа, најдобра би била онаа со состојки за смирување, како камилица, алое вера и витамини.

Исчешлајте ги трепките нагоре за очите да изгледаат поотворени. Тушот за очи ќе помогне оптички да се згуснат трепките и да се обликува окото. Користете туш за очи во боја за дополнително да ја нагласите природната боја на очите.Кога станува збор за усните, мат карминот со сатурирана заситена боја е вистински хит на сезоната. За карминот да трае доволно долго, по првото нанесување отстранете го првиот слој со шамивче, напудрете ги усните и нанесете уште еден слој од карминот. Дополнително, исцртувањето на усните со моливче ќе помогне карминот со часови да остане на своето место.

Коса која импресионира

Сонувате за сјајна, мазна, скротена коса? Сѐ што ви треба за да го исполните вашиот сон е да обезбедите добра хидратација. Особено по зимата, косата изгледа спласнато и безживотно. Најголемиот дел на производи за хидратација кои ќе ви помогнат да ја одржите влажноста, содржат растителни масла како на пример, масло од бразилски орев, бадем, грејпфрут, арган или марула. Пробајте го Интензивниот потхранувачки спреј со Nutri 5 комплекс за да го обновите сјајот. Само протресете и притиснете го спрејот!

Еднаш неделно користете богата маска која ќе ја регенирира косата. Запомнете дека исто како и кожата, и на косата влијае што јадете и колку течост внесувате во текот на денот. Да повториме, избалансираната исхрана е клучот за убава и здрава појава.

Тело на кое ќе му завидуваат

Се грижите за своето тело, но сепак не сте задоволни со резултатите? Заменете ги лосионите за хидратација со антицелулитни формули за зацврстување, за да го забрзате саканиот ефект. Ви текнува на нив само во пролет и лето, но за да уживате во резултатите мора порано да започнете со нивна употреба. Зошто да не ги внесете во дневниот режим во раната пролет? Постои еден трик кој ќе ви дозволи да уживате во позатегнатата кожа – тоа е масажата. Затоа, најмалку двапати неделно кога нанесувате лосион за тело или се туширате, измасирајте го телото со масажер. Тоа е одличен начин за стимулација на циркулацијата и апсорпција на активните состојки во кожата.

Секако, не постои ништо подобро што ќе го обликува вашето тело од спортот. Но, не мора да посетувате фитнес клуб за да бидете во форма. Вежбајте дома додека гледате телевизија или читате книга. Пробајте некои од нашите вежби кои ќе ве доближат до силуетата за која сонувате! Ако сакате совршено тело - овде и сега, нема ништо страшно во носењето долна облека која го обликува телото или пак, облека која ќе ги прикрие несовршеностите на телото и ќе ја направи силуетата попривлечна. Облеката која го обликува телото сега е далеку поусовршена од онаа која сте ја гледале во филмот Дневникот на Бриџит Џонс, таа е удобна, дискретна и ... модерна! Пробајте го фустанот со преклоп Body Illusion во морнарско-сина боја – и веднаш ќе го засакате!