Македонија
    |         |         |    
Пролет-Лето 2019: што е ново во трендовите на шминката и боите - AVON Македониjа

Пролет/Лето 2019: што е ново во трендовите на шминката и боите? Што од тоа можеш да примениш?

Веќе се запознавме со трендовите за шминка за пролет и лето 2019, уште во есента 2018. Во светот на модата сè се случува брзо и многу однапред. Што ќе биде модерно оваа сезона? Што дефинитивно треба да купиш? Ние проверивме!

Три главни насоки владееа на модните писти на Париската модна недела, настан за кој се знае дека поставува нови трендови за целиот моден свет. Она што мора да се спомене, се доминантните насоки за секојдневната шминка, вечерната шминка и водечката палета на бои. Што не може да се занемари во текот на пазарувањето на шминка оваа пролет?

Пролет/Лето 2019: што е ново во трендовите на шминката и боите

Природно, природно, и уште еднаш: природно

Трендовите во модата обично се вртат во кружни движења. Се враќаме до појдовната точка, го доведуваме во прашање она што го проповедавме пред една или две години, и го превртуваме светот наопаку. Оваа сезона не е исклучок. По годините на интензивна шминка која полека се повлекува како тренд, се враќаме на ултра-природен изглед каде е дозволено да се откажеме дури и од безвременската и навидум незаменлива маскара.

Се разбира, ова е само предлог кој може слободно да се менува според индивидуалните потреби, но немој да бидеш изненадена кога ќе видиш многу девојки оваа пролет и лето кои не користат комплицирани техники за шминка или контурирање, и наместо тоа носат дневна шминка која се состои од тонирана кожа и нежно нагласени усни или очни капаци.

Пролет/Лето 2019: што е ново во трендовите на шминката и боите 2

Боја на сезоната: бледо розова

По многу сезони фокусирани на неутралната шминка базирана на беж и бронзени нијанси, стилистите се префрлија на нежни, светло розови нијанси, коишто се познати и како индиско црвени.

Оваа универзална боја се совпаѓа со сите типови на убавина, а носејќи ја и бринетите и блондинките изгледаат одлично. Можеш да ја нанесеш на усните, очните капаци, па дури и на образите.

Внимание! Не е претерување да се има цела палета на шминка во розова нијанса. Ова е новитет; досега обично имавме мешани и комбинирани бои.

Пролет/Лето 2019: што е ново во трендовите на шминката и боите 3

Вечерната шминка нека изгледа посмело

Трендовите ќе си бидат трендови, но ние никогаш не би можеле да заборавиме на вечерната верзија на шминка, а онаа за пролет/лето 2019 треба да биде импресивна.

Холографски очни капаци, металик нокти: тоа се предлози за храбрите, но во својата суштина шминката значи експериментирање и немање страв од смели ефекти.

Како да се нанесат силни, металик бои, а да не се претера и да добиеш модерен и стилски ефект? Комбинирај ги со деликатна шминка за лице (добра основа, покриени несовршености), како и со веќе споменатите розови образи, а не премногу интензивни усни. Резултатот може да те зачуди: модерен, убав, а сепак смел.