Македонија
    |         |         |    
Која шминка ќе направи да блеснеш - AVON Македониjа

Новогодишна вечер 2019 - Која шминка ќе направи да блеснеш?

Шминката за специјалните пригоди како што е новогодишната ноќ има свои правила. Во зависност од твојата модна стилизација, можеш да се занесеш малку повеќе при шминкањето! Што е во тренд оваа сезона и која шминка ќе направи да блеснеш - метафорички и буквално?

Не постојат строги правила при изборот на шминка за таква уникатна пригода, но можеби со еден исклучок: немој да бидеш скромна или ненападна. Умереноста се препорачува за секој обичен ден, но новогодишните забави те покануваат да си играш со твојата шминка, да направиш нешто лудо и смело и да не се плашиш од невообичаени композиции.

Шминка за новогодишна забава - основни правила

Пред да ставиш каква било шминка - и особено пред голем број на луѓе - препорачливо е да се погрижиш за твојата кожа. Те советуваме да размислиш за ова однапред, а не 2 часа пред да ја нанесеш течната пудра. Убава, добро негувана кожа гарантира подобар изглед на твојата шминка и помалку проблеми со нејзиното нанесување.

Значи, што треба да направиш? Пилинг и маска за лице ќе бидат совршено решение. Доколку имаш проблеми со кожата, започни со подготовките неколку дена однапред. Нема да го постигнеш идеалниот изглед, а и секогаш има шанса да се појави по некое мозолче пред важните вечери; но сепак, што помалку вакви проблеми имаш, толку е полесно да го постигнеш совршениот изглед.

Која шминка ќе направи да блеснеш

Наш совет:

Ако сакаш да се грижиш за твојата кожа и во исто време да се ставиш во совршено празнично расположение, пробај ја нашата златна маска Anew Ultimate со вистински златни честички. Маската не само што има корисен ефект врз кожата, туку исто така одушевува со својот изглед и мирис! Ако сакаш да го негуваш целото тело, пробај некоја од линиите на Planet Spa. Особено го препорачуваме осветлувачкото масло за тело кое ќе ти овозможи вистински светкав ефект!

Шминка за новогодишната вечер – пред сè, потребно е да трае!

Шминката за новогодишна ноќ мора, покрај другите критериуми, да трае подолго. Сепак, треба да остане на тебе цела ноќ. Ако користиш производи со слаб квалитет, твојата прецизна подготовка нема да ја спречи шминката да се растече по лицето уште во првите неколку часа ...

За поголема долготрајност на твојата шминка, користи подлога за пудра и подлога за сенка за очи. Од клучно значење е да ја избереш вистинската течна пудра (ја препорачуваме нашата Extra Lasting течна пудра, но и линијата LUXE), долготрајни сенки за очи, а за да можеш да фиксираш сè, користи пудра во прав, која дефинитнвно потоа треба да ја понесеш со себе.

Која шминка ќе направи да блеснеш 2

Новогодишна шминка: светкај,светкај,светкај!

Овој тип шминка не познава ограничувања - иако, како и обично, сето тоа зависи од видот на забавата на која ќе присуствуваш, од изборот на модната комбинација и од тоа кои се твоите сопствени преференции.

Ти препорачуваме да експериментираш - не само со боја, туку и со одредени трикови за шминка. Дали секогаш ставаш неутрален кармин, или пак безбедна нијанса на црвен? Пробај со јако црвена или златна боја, биди љубопитна со виолетовата! Ти се допаѓаат очи со „smokey eye“ ефект? Тогаш овојпат нека биде навистина светкав и впечатлив!

Советуваме да бидеш пооткачена и во изборот на боја на лакот за нокти. Комбинирај две нијанси и добиј уникатен резултат!

Празнична шминка: наши супер совети!

Не заборавај дека шминката не секогаш се однесува само на очите и усните – со употреба на палета за контурирање и убава широка четка можеш да го нагласиш твоето деколте и визуелно да го зголемиш. Погледни како да го направиш ова!

Ако сонуваш за трепки во стилот на Холивуд, нанеси неколку слоја маскара, и потоа исчешлај ги трепките со чист апликатор. Нема да бидеш единствената личност, која ќе се изненади со овој резултат!

Ти посакуваме одличен изглед и луда забава!