Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Што нé привлекува кај Attraction Rush? Мирисна приказна ...

Привлечноста е взаемна, а ефектот е магнетен…. Забрзан ритам на твоето срце и морници долж р’бетот, твоите образи руменеат ... Чувствуваш дека се случува.

Твоите реакции асоцираат на привлечност ... Се распрснува од никаде и за дел од секунда вие сте поврзани како едно …

Attraction Rush не само што ве привлекува еден кон друг, туку има и интензитет кој ти овозможува да се издигнеш над овој лудо зафатен свет и да пронајдеш меѓусебна хармонија во твојот приватен домен.

Искуси ја пулсирачката возбуда на Avon Attraction Rush, магнетен нов мирис од кој срцата лудо бијат и кој трае цел ден.

 

Attraction Rush for Her

          Ориентално-цветен

Врвни ноти: Пулсот забрзува. Тие се туркаат низ гужвата, барајќи се еден со друг. Електрицитет во исчекување, сочниот пенлив розов грејпфрут ги буди чувствата со огромна возбуда. Искушението расте како живиот лист од дива јаготка и страсната крушка која провоцира со наплив од живописна јасност.

Средни ноти: Страста се распрснува во срцевината на цветната грандиозност. Нежни, а сепак отпорни како нивниот прв срастен бакнеж, луксузните розини ливчиња и ноќниот јасмин се судираат со егзотичен немир. Кадифените и сензуални ливчиња од темјанушка ја интензивираат страста кај овој провокативен букет.

Основни ноти: Светот исчезнува. Тие се сами, заробени од моментната фасцинација. Свиленикавото сандалово дрво обвиткува со луксузна топлина како заводлив вел. Богато привлечниот хипнотизирачки акорд од килибар зрачи со магнетна сензуалност. Овој акорд е клучот кој ја отвора хедонистичката врата на страста и шармира со опојна интоксикација. Нежниот сладострасен чоколаден афродизијак обзема со темна, екстравагантна привлечност. Нивната импулсивна романтична средба тукушто започна.

Attraction Rush за Него        

 Ориентално дрвен

Те привлекува како молец во пламен ... Attraction Rush за Него е секси, вибрантен и интензивно сензуален мирис за мажи. Мултидимензионален, со ноти од есенција ја мандарина и лимета, кора од цимет и единствен хипнотичен акорд од килибар, ќе направи светот да исчезне околу тебе. Нов привлечен класик со пресврт. Таа извонредна, безвременска секунда или тој поглед на разминување кој може да те изненади… твојот живот би можел засекогаш да се промени!

 

Врвни ноти: Се отвора со жив и интензивен цитурсен изблик на есенција од мандарина и лимета, ароматична сочна зелена јаболка, а врвните ноти блескаат со инстантна и необјаснива привлечност.  

Средни ноти: Магнетната ароматичност на пурпурната жалфија и артемисија се измешани со богатите и сензуални слатко, зачинети додатоци од кора од цимет, за впечатлив и неверојатно мажествен печат.

Основни ноти: Хипнотизирачкиот акорд од килибар, сензуалниот мошус и пачули даваат текстура, длабочина и богатство на сувата основа која е неверојатно сензуална, жива и привлечна. Заедно, тие создаваат впечатлив и магнетски финален впечаток кој го одзема здивот.