Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Како да ја избереш совршената маскара?

Маскарата, заедно со карминот, е најчесто користен козметички производ. Како да ја избереш совршената за тебе? Што треба да имаме на ум за да го постигнеме ефектот на беспрекорни трепки?

Совршената маскара ја нагласува убавината на окото, не создава лепливи грутчиња и дава можност за различна шминка во зависност од посакуваниот ефект. Што е најважно?

 

Четката на маскарата – тоа е тоа!

Четката е алатката која овозможува соодветно нанесување на производот. На што треба да обрнеш внимание? Прво, она што вреди најмногу е големината на четката.

 

•    Преголемата четка може да биде тешка за употреба.

•    Премалата четка може непотребно да го продолжи процесот на нанесување.

•    За секојдневна шминка, најдобрите четки се со средна големина, со густи влакна и краеви со кос врв. Таквите четки одлично одговараат на сите форми на око и обезбедуваат природна и елегантна шминка.

Пример? Avon True Color маскара со хранлива и долготрајна формула.

 

Ако сакаш да се осигураш дека трепките се одлично обликувани и ги зголемуваат твоите очи, избери маскара која има четка со разделени, синтетски влакна кои прецизно може да ги прекријат твоите трепки. Таквиот ефект може да се постигне со маскарата Avon SUPERSHOCK Max. Внимание! Резултатите се импресивни!

 

Како да нанесеш маскара? Техниката е она што е важно!

 

Квалитетот на козметиката и видот на четката не се единствените работи кои се важни: техниката со која ја нанесуваме маскарата е исто толку важна.

 

•    Ако сакаш да постигнеш резултат на природни трепки, нанеси маскара на горните трепки со цик-цак движење, почнувајќи од линијата на трепките и движејќи се нагоре.

•    Постави го огледалото под линијата на трепките, за да избегнеш допирање на кожата со маскарата, што на сите нас ни се случува – избриши ја кожата со памукче кога ќе завршиш со нанесувањето на шминка.

•    Можеш да нанесеш маскара повеќе пати, но осигурај се дека нема да има грутчиња.

•    Ако се создадат грутчиња, старата маскара ќе те спаси! Иако нема да ја користиш за да нанесеш маскара, секогаш вреди да имаш листа и добра четка. Со неа може да ги исчеткаш трепките кога маскарата е веќе нанесена, на тој начин обезбедувајќи нејзина подобра распределба.

Резултатот? Разделени, издолжени и изедначено обоени трепки!

 

Маскари за специјални задачи

Постојат моменти кога нормалната маскара не е доволна. Во такви времиња може да си поиграме со боја, дополнителен слој, или маскара со специјална намена.

 

Вредно е да се имаат на ум неколку основни правила:

•    Маскарите во боја најдобро функционираат во помалку формални прилики, кога твојата шминка е експресивна и нагласена, а ти може да се забавуваш со твојата стилизација.

•    Класичната шминка најдобро изгледа со безвременските црни, или бронзени нијанси, доколку твоите веѓи и трепки се природно светли.

•    Ако ти треба навистина импресивен волумен и должина, рпобај маскари кои успешно ќе се натпреваруваат со вештачките трепки: Avon True Super SHOCK (погусти трепки до 12 пати!), или Mark Spectralash со 3 нивоа на густина на трепките.