Македонија
    |         |         |    

 


 

Мисијата на AVON

Светски козметички лидер

Ние постојано ќе градиме уникатно портфолио од козметички производи и брендови, настојувајќи да ги надминеме нашите конкуренти во квалитет, иновативност и вредност и да го подигнеме нашиот имиџ за да станеме козметичка компанија кај која најчесто ќе се обратат жените од целиот свет.

Женскиот избор при купување

Ние ќе настојуваме да бидеме инспиративно место за купување за жените, нудејќи практичен начин за избор од повеќе брендови и канали, и овозможувајќи персонализирана услуга при купувањето која помага во градење на долгорочен однос со клиентите.

Лидер во директна продажба 

Континуирано да го прошируваме нашето присуство во директната продажба и да водиме во иновирање и полуларизирање на каналот, нудејќи претприемачки можности за зголемена заработка, призание , услуга и поддршка, со што поврзувањето со Avon ќе биде лесно и задоволувачко, и ќе го подигне имиџот на нашата индустрија.

Најдобро место за работа

Да бидеме познати по нашата лидерска предност, преку нашата страст за високи стандарди, нашата почит кон различноста, нашата посветеност да создаваме извонредни можности за професионален развој со што вработените ќе ги реализираат нивните високи потенцијали.

 
Најголема Женска Фондација

Да бидеме посветен свестки лидер кој се залага за здравјето и благосостојбата на жените преку филантропските напори кои целосно ќе го елиминираат ракот на дојката и ќе им даде можност на жените да постигнат економска независност.

Команија на која сите и се восхитуваат

Да им овозможиме на нашите акционери супериорна заработка со неуморна потрага по нови можности за раст, додека постојано ќе ја подобруваме профитабилност, како социјално одговорна и етичка компанија која ќе се посочува како пример за успех.