Македонија
    |         |         |    

Our Company

Приказната на Avon започна во Њујорк во 1886 година со продавачот на книги од врата до врата - David H. McConnell, кој често на своите Клиентки им подарувал парфем со купување на книга. Набргу сфатил дека тие повеќе го преферирале парфемот од книгите, па така и се родила идејата за нов бизнис со основањето на "The California Perfume Company".

Госпоѓа P.F.E. Albee станува првиот Avon Претставник, и една од првите вработени жени во Америка. Така започнала традицијата на комапнијата за инспирирање и поттикнување на жените, дури 34 години пред тие да го добијат правото на гласање во САД.

David H. McConnell сакал неговата компанија да стане позната во целиот свет и поради тоа се одлучил да ѝ го промени името. Инспириран од природата во градот Статфорд на реката Авон, родното место на неговиот омилен писател Вилијам Шекспир, во 1939 год. "The California Perfume Company" официјално станала "Avon products Inc."

Секој ден, Avon живее според својата мисија - да биде компанија за жени. Во изминативе повеќе од 125 години, прераснавме во:
  • Една од најголемите светски компании за директна продажба
  • Со повеќе од 6 милиони претставници
  • Работејќи во повеќе од 100 земји низ светот
  • Глобален гигант со годишен прифод од повеќе од 10 милијарди долари, и еден од водечките светски козметички брендови со 90% свесност за брендот