Македонија
    |         |         |    
 
Fragrances Questions and Answers
   
 

Каде е најдобро место да се нанесе мирисот?

Мирисот се развива, и доколку вие нанесете само на вратот по некое време тој ќе се развие и ќе исчезне. Други места на кои можете да го нанесете се зглобовите, внатрешниот дел на колената и оние делови на кожата кои се најтопли. Свежо избањата коса е уште едно место на кое можете да го нанесете мирисот, така што секогаш кога ќе ја завртите главата ќе се ослободи пријатна арома.

Колку долго трае вообичаено мирисот?

Доколку сакате да мирисате убаво во текот на целиот ден, можете да нанесувате мирис на секои 3-4 часа. Најдобар начин вашиот мирис да се чувствува во текот на целиот ден, е да се впие мирисот во вашата кожа. На пример можете да ги користите геловите за туширање и лосионите за тело од иста колекција. Вашата кожа ќе ги абсорбира молекулите околку површината на целото тело.

Дали сувата кожа има потреба од нанесување повеќе мирис?

Да, затоа што сувата кожа не го задржува мирисот како што го задржува масната кожа. Би требало да се нанесува почесто во текот на денот.

Може ли парфемите да се чуваат неограничено време?

Штом еднаш се отвори шишенцето треба да се потроши до крај затоа што може да му помине рокот на употреба. Долго изложување на сонце или екстремни температури може да го пореметат идеалниот баланс на парфемот па дури и да го изменат неговиот мирис.

Дали е можно истиот мирис да мириса различно во различно време?

Да. Некогаш оној кој го користи мирисот може да помисли дека мирисот ги сменил состојките, кој всушност се менува во зависност од начинот на исхрана или животниот стил на оној кој го користи. Бременоста или менопаузата може исто така да влијаат на тоа како некој мирис се чувствува на вас.

Зошто не е пожелно да тестирам повеќе од три мириси во исто време?

Чувството на мирис брзо се развива доколку е изложено на различни видови на мирис одеднаш, и веќе после кратко време не може да ги распознае односно да ги разликува.

Дали е вистина дека различни мириси им одговараат поинаку на луѓето со друга боја на коса?

Да, тоа е вистина. Луѓето кои имаат плава коса и светол тен, ќе бидат посреќни со мирис кој има различна комбинација од цветни ноти. Црниот тип на луѓе треба да употребува драматични ориентални мириси, а на црвенокосите најчесто им одговара мирис проткаен со зелени ноти.

Која е разликата помеѓу Тоалетната вода и Лосионот после бричење?

Лосионот за после бричење е специјално формулиран да се користи на лицето и заради тоа има многу мала количина на мирисно масло, за да не ја исуши и стврдне кожата. Лосионот исто така содржи и концентрат за омекнување на лицето како што е глицеринот, кој има и способноста да ја смири кожата. Тоалетната вода има поголем концентрат на парфимирано масло кое може да се нанесе на повеќе различни места на телото.