Македонија
    |         |         |    


 
   
 
 
   
 

Одговорност на Avon за заштита на животната средина

Со продажба на производи во повеќе од 100 земји, Avon е вистинска глобална компанија. Имајќи таква улога, ние имаме обврска да се осигураме дека нашите бизнис операции се во насока на заштит на животната средина и дека нашите производи се безбедни и ефикасни за употреба.

Денес можеме да бидеме горди што не самошто ги задоволуваме туку и ги надминуваме законските барања за заштита на животната средина и безбедност на производите во земјите во кои работиме.

Нашата политика за заштита на животната средина, здравјето на луѓето и безбедност на производите, која недвосмислено мора да се спроведува во земјите на нашето делување, ни овозможува да одржуваме високи стандарди за одговорно однесување насекаде низ светот.

Политиката на Avon за заштита на животната средина ја потенцира нашата посветеност за зачувување на животната средина. Нашата политика на однесување ни наложува: 

Да го спроведуваме нашето деловно работење на начин кој манифестира почитување на животната средина и ефикасна примена на природните ресурси, минимизирање на отпадоци, можност за повторна употреба и рециклирање;

Да ги почитуваме законите и регулативите за заштите на животната средина во сите земји во кои работиме;

Да продолжиме да развиваме процеси, процедури и практики кои го подобруваат еколошкиот квалитет на нашите деловни операции и нашите производи во секоја етапа од нивниот животен циклус - од иницијален дизајн до крајно исфрлување од употреба;

Континуирано  да го подобруваме нашиот менаџмент систем за заштита на животната средина и да го мериме напредокот во насока на задоволување на еколошките стандарди и цели.