Васка Леонтиќ – нов советник за убавина на AVON Македонија

Васка Леонтиќ повеќе од 20 години успешно ја гради својата кариера во козметичката индустрија, доследно ги следи сите нови и модерни текови, не се откажува од следењето новитети и секогаш ги применуваа најсовремените алатки на работа.
По успешните заеднички искуства со нашите модни дизајнерки Антонија Ристовска и Росица Мршиќ, следејќи ги глобалните трендови, време е конечно да се обединиме и со професионален стилист и докажан експерт во сферата на декоративната козметика. Најпосле, еден од главните адути на AVON е токму шминката, па така, направивме спој со врвниот и веројатно најдокажаниот стилист кај нас – Васка Леонтиќ. Почнувајќи од Кампања 5, па сè до крајот на 2014, во нашите брошури ќе можат да се најдат нејзините ексклузивни совети и препораки, кои на корисниците ќе им помогнат да го направат вистинскиот избор за беспрекорен изглед.
Васка Леонтиќ - професионален стилист и експерт за шминка на AVON
Васка Леонтиќ повеќе од 20 години успешно ја гради својата кариера во козметичката индустрија, доследно ги следи сите нови и модерни текови, не се откажува од следењето новитети и секогаш ги применуваа најсовремените алатки на работа. Иако со веќе сериозно искуство зад себе, таа сепак не подзапира ниту во сопственото едуцирање. Постојано е во тек со европските проекти, професионално се надоградува по светски трендови и неуморно ја издигнува својата експертиза на највисоко ниво, следејќи обуки, семинари, презентации и саеми на модата за фризери, козметичари и шминкери во светските модни центри.
Покрај тоа што и самата е најреномираниот стилист кај нас, Васка Леонтиќ се докажа себеси и во улогата на вистински едукатор што ги пренесува сите тајни на својот занает на своите ученици: техниките на работа, процесот на развојниот пат кон постигнување успех и прераснување во бренд. Во нејзиното „Студио Леонтиќ“ повеќе од 10 години се одржуваат бројни обуки и курсеви за професионални фризери, шминкери, козметичари и масери, а базирајќи се на успехот и долгогодишното искуство на студиото, веќе од 2008 година таа го отвора и првото средно стручно училиште „Академија Леонтиќ“ каде за кратко време успеа да обучи многу курсисти кои успешно работат во „Студио Леонтиќ“, „Академија Леонтиќ“, во многу салони во и надвор од Македонија, а голем дел и самостојно работат во сопствени салони.
За соработката со AVON Македонија
„Мојата соработка со AVON не започнува со оваа кампања; нашата соработка е започната уште многу одамна, од моите сами почетоци. Од секогаш имавме многу добро разбирање на професионален план и нашите идеи и потреби како обострано да се надополнува. AVON за мене беше одличен избор бидејќи има неверојатен квалитет, а е достапен и за сечиј буџет. Низ овие 8 години соработка додека ги изучував и испробував козметичките производи на AVON бев воодушевена и пријатно изненадена, особено што некои производи воопшто и не сум ги сретнала во другите козметички фирми. И сега, повторно со големо воодушевување ја прифатив оваа идеја за соработка и можноста јавно да го споделам моето искуство со козметичките производи на AVON. Се надевам тука нема да застанеме, туку ќе продолжиме и понатаму многуте новини да ги правиме сè подостапни за јавноста и љубителите на убавината и негата“, изјави Васка Леонтиќ, професионален стилист и експерт за шминка на AVON.

