Македонија
    |         |         |    
AVON Македонија и Росица Мршиќ заедно на пролетното издание на Модната недела Скопје 2013


Стилска облека за дефиниран изглед во новата колекција на Росица Мршиќ.


На овогодинешното издание Пролет-Лето 2014 на Модната недела Скопје, познатата модна дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција инспирирана од конструктивизмот, авангардниот правец во архитектурата.

Во нејзината колекција пролет - лето 2014 таа истовремено воведува и избрани елементи од модниот стил на 80-тите, а нејзините модели се базирани на тесна фигура со нагласени раменици, технички усложнети со елементите на конструктивизмот, со цел да се добијат квалитети како што се прецизност, едноставност и изразена формална чистота. Со комбинација на детали преземени од машка облека постигнат е контраст во изгледот на женствената силуета, карактеризирани со симплификација на формата, наместо употреба на декорација.

Во однос на изборот на бои за својата последна колекција, Росица Мршиќ својата инспирација за колекцијата ја надоврза на боите на AVON, односно целокупната линија Avon Color на оваа козметичка компанија, која излобилува со разновидни пролетни палети, широк избор на бои и контрасти.

„Чистата сина и розева, како и комбинациите од бела и црна боја на сложените модни конструкции им даваат минималистички изглед“, истакнува Мршиќ. „Резултатот е стилска облека за жени кои сакаат дефиниран изглед во текот на целиот ден, што може да премине и во вечерен“, додава модната дизајнерка.

За целата колекција Росица Мршиќ вели дека говори со јазикот на функционален дизајн и е нагласена со дезен на геометриски апстракт, конструиран од автономни визуелни елементи како што се линиите и полињата со разни форми, големини и бои. Избраните природни ткаенини од памук, свила и вискоза помагаат за завршување на конструкцијата на моделите.

Дополнително за оваа модна сезона, во рамките на колекцијата дизајнирани и изработени се чевли со потпис на дизајнерката Росица Мршиќ.

На презентацијата на Модната недела, за целосно комплетиран изглед, моделите беа надополнети со модните додатоци и новите Лакови за нокти со гел ефект од козметичката компанија AVON, за која Росица Мршиќ е моден советник за сезоната пролет – лето 2014.