Македонија
    |         |         |    
Прва работилница за убавина и декоративна козметика на AVON


Докажаните стилисти и мејкап артисти Цаци Паковска и Магдалена Медичи ги споделија своите тајни и трикови во шминкањето пред 40-тина учесници на Првата работилница за убавина и декоративна козметика.


Професионални и полупрофесионални шминкери, модни блогери, новинари и трендсетери присуствуваа на целодневниот настан кој се одржа вчера во „Нано бар“ во Скопје. Тие добија сертификати за успешно завршена обука, потпишани од двете реномирани мајкап артисти.

„Ми се допадна искуството и дружењето на работилницата на „Авон“. Овој тип на настани се добри за да се научи нешто ново, особено кога се говори од искуство на жена, а не само од искуство на професионален шминкер. Јас се обидов да им пренесам некои мои вештини на сите оние жени и девојки кои присуствуваа на обуката“, изјави Цаци Паковска.

„Ова е ретка можност во Македонија да се предава на работилница за млади. „Авон“ се покажа како одличен иницијатор на настани од ваков тип, фокусирани на едукација на полупрофесионални и професионални шминкери и модни блогери. Презентирав дел од светските модни трендови и техники во шминкањето кои јас ги користам и се дел од мојот професионален идентитет и по кои луѓето ме препознаваат“, истакна Магдалена Медичи.

Работилницата беше бесплатна за сите заинтересирани посетители и претставуваше единствена можност во текот на еден ден да се совладаат техниките на професионално шминкање со декоративната козметика на AVON.

Следејќи ја филозофијата да поттикнува млади ентузијасти, компанијата „Авон Македонија“ исто така им овозможи на пет модни блогерки да снимат аматерски туториали за шминкање. Стручното жири, составено од претставници од компанијата заедно со Цаци Паковска и Магдалена Медичи го избраа најдоброто, а името на победникот беше соопштено на отворањето на работилницата за убавина. Стружанката Азизе Демиши која го води блогот www.rosee96.blogspot.com го освои првото место и доби пакет брендирани подароци, бесплатна промоција на видеото на Кајгана ТВ, Авон маица дизајнирана од Росица Мршиќ и ваучер од 16.500 денари за користење на Авон производи до крајот на 2015 година.




Победничко видео: Бронзен изглед со помош на шминка, Азизе Демиши


Шминка за специјални прилики, Марија и Мартина Бончаноски


Совети за шминкање за 5 или 15 минути, Елена Василевска


Последни модни трендови во шминкањето, Марија Стојкоска


Пролетна свежина преточена во шминка, Александра Спасеска