Македонија
    |         |         |    
Седма Национална конференција на AVON Македонија


На 20-ти семтември во хотелот „Александар Палас“, компанијата Авон Македонија ја одржа седмата по ред Национална конференција, која оваа година беше одбележана под мотото „Ти го создаваш успехот“.

На конференцијата присуствуваа околу 100 гости, од кои 85 лидери и сите зонални менаџери, а меѓу почесните гости беше и Елизабет Коробченко – Генерален директор на Балкански регион, Ирина Куриленко – менаџер за продажба на Бугарија, Албанија и Македонија и Милена Сокурова – тренинг менаџер на Бугарија, Албанија и Македонија.

Дана Стојкова, Националниот менаџер за продажба во Македонија ја водеше конференцијата и со присутните ги сподели клучните пораки за продажба, како и новите мотивациски програми на компанијата.

Како и секоја година, најдобрите лидери и зонални менаџери беа наградени за постигнатите резултати во изминатите три квартали, а покрај доделувањето на признанијата, на оваа свечена манифестација Маркетинг тимот на Авон Македонија ексклузивно ги претстави и новитетите кои ќе се појават во брошурите до крајот на годината. Промовирањето на новитетите беше преку исклучителна шоу програма во стилот на различни популарни ТВ емисии, со учество на многу познати личности од јавниот живот, како Сашко Коцев, Маријана Станојковска, Глигор Митковски, Биба Додева, познати танчерски групи итн.

Во рамките на овој дел на Националната конференција 2013, Авон Македонија пред присутните за прв пат ја обелодени и соработката со познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска, која почнувајќи од Кампања 15 ексклузивно се појавува во брошурите на AVON како „советник за убавина“.

За таа цел, како специјално изненадување за гостите Антонија Ристовска се претстави со своја ревија која вклучуваше модели од повеќе колекции, а нејзините креации беа надополнети со накит и модни додатоци од портфолиото на AVON.

Настанот кулминираше со настап во живо на популарниот пејач Влатко Лозановски кој заедно со својот бенд приредија неверојатна забава за присутните.