Осма Национална конференција на AVON Македонија

Под мотото „Живеј го својот сон“ на 18-ти септември 2014 се одржа 8-мата по ред Национална Конференција на AVON Македонија. Настанот се одвиваше во хотелот Александар Палас во Скопје и на него присуствуваа над 100 гости.
Меѓу почесните гости на конференцијата беше и Ирина Куриленко – менаџер за продажба на Бугарија, Албанија и Македонија, а во улога на водители се појавија неповторливиот Сашко Коцев во придружба со прекрасната водителка Марјана Станојковска. Домаќин на настанот беше Дана Стојкова, Националниот менаџер за продажба на Македонија која ги сподели клучните пораки за продажбата и ги награди најуспешните лидери и зонални менаџери за постигнатите резултати во изминатите 3 квартали.
Покрај доделувањето на признанија, на оваа свечена манифестација, Маркетинг тимот на AVON ги промовираше и ексклузивните новитети кои ќе се појават во брошурите до крајот на годината. За оваа година, Авон Македонија ги најави новиот парфем Avon Luck чие заштитно лице е познатата тенисерка Мариа Шарапова, новите креми од линијата на Anew – Anew Nutri Advance со потхранувачки комплекс и Омега 3, 6 и 9 масни киселини, како и богатата понуда за новогодишниот период.
Во рамките на Националната конференција, со своја модна ревија се претставија и советничките за убавина на Авон Македонија – модните дизајнерки Антонија Ристовска и Росица Мршиќ, а за прв пат беше најавена и октомвриската кампања за борба против ракот на дојка, како и донацијата која компанијата ќе ја реализира кон својот долгогодишен партнер во оваа битка – здружението „Борка“.
Денот беше исполнет со многу емоции: од пречекот на нашите гости и отворањето на настанот со моќната танцова точка, инспиративниот дел посветен на наградувањето на најуспешните Лидери и Зонални Менаџери, до откривањето на џек-потот на 4-тиот квартал и енергичниот настап на Тамара Тодевска чии песни публиката ги следеше во еден глас. Топлата, емотивна, тимска атмосфера ги допре сите присутни, и денови потоа, сè уште добивавме позитивни реакции од гостите од цела Македонија.






