Македонија
    |         |         |    
ГЛАМУРОЗНА ГАЛА ВЕЧЕРА ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО 2013 ГОДИНА


На 30.03.2014 (недела) во хотелот Stone Bridge, се одржа официјална Гала вечера за најдобрите членовите од Топ Клубот на Претставници Mrs. Albee и Топ Клубот на Лидери Jewеls Club на AVON, на која околу 50 присутни гости имаа можност да уживаат во пријатната гламурозна атмосфера.

Церемонијата беше моќен и емотивен момент на оддавање почит и признание на нашите Топ Претставници и Лидери за нивната успешна работа во изминатата година. Сите наградени имаа прилика да уживаат во моментот на слава и да одржат краток говор за својот почеток во AVON и да ја споделат својата успешна приказна.

Специјален гостин на настанот беше познатата манекенка и водителка Маријана Станојкоска која со гостите ја сподели својата страст кон AVON и го изрази својот восхит кон сите AVON Дами за нивната посветена работа.

Гала вечерата беше надополнета со моќен настап на триото “Four Strings”, чија изведба ја направи ноќта уште помагична и незаборавна.

Со организирањето на овој гламурозен настан им покажавме на нашите најдобри Претставници и Лидери дека ја цениме нивната работа, нивната посветеност на Компанијата и се обидовме да направиме да се чувствуваат посебно и мотивирано за нивните следни предизвици во AVON.