Македонија
    |         |         |    
BSP_lip_care

Nutra Effects Прашања и Одговори

Дали постои препораката за која возраст да се користат производите Nutra Effects?

 

Сите линии за нега на лице Nutra Effects може да се користат за секоја возраст, со исклучок на Зацврстувачката линијата која е специјално наменета за потребите на кожа 35+ и Напредната линија против стареење која е наменета за 45+.

 

За кој тип на кожа се наменети овие креми?

 

Секоја линија Nutra Effects е наменета за потребите на различна кожа. Напредната линија против стареење помага во справување со напредните знаци на стареење, додека линијата за зацврстување помага во намалувањето на првите знаци на овој процес, и двете одговараат за сите типови на кожа.  Хидрирачката линија обезбедува длабинско хидрирање и се препорачува за нормална и сува кожа.  Линијата за блескава кожа ги задоволува потребите на кожата со темни дамки и нерамномерен тен.  Балансирачката линија е најсоодветна за комбинирана до мрсна кожа, одржувајќи го мат изгледот.

 

Што е active seed комплекс?

 

Active Seed комплекс е комбинација на екстракт од семиња со есенцијални антиоксиданти и витамини. Во овој комплекс е искористена природната моќ на семињата за длабинско потхранување на кожата, заштита од еколошките фактори и забавување на процесот на стареење на кожата, враќајќи ја нејзината природна убавина.

 

Што се парабени?

 

Парабените се конзерванси кои се користат во медицинските и козметичките производи против бактерициди и фунгициди кои може да предизвикаат алергии. Линијата Nutra Effects не содржи парабен и одговара за чувствителна кожа.

 

Кога треба да започнам со користење на крем против стареење?

 

Не постои одредена линија за возраст со која може да се одреди потребата од нанесување на крем против брчки. Стареењето на кожата не зависи само од возраста, туку и од исхраната, начинот на живеење и други надворешни фактори. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека по возраст од 25 години, кожата произведува помалку колаген, што значи дека на некој начин мора да се потхранува за да остане еластична и мазна.

 

Дали е Nutra Effects соодветна за многу чувствителна кожа?

 

Да, сите Nutra Effects линии се соодветни за чувствителна кожа. Сите производи подлежеа на алерго-тестови и не содржат  парабени или вештачки бои.

 

По колку време треба да очекувам ефект од Nutra Effects?

 

Некои ефекти веднаш се видливи, така што по започнување на употребата, во зависност од линијата, може да забележите мазна, изедначена и матирана кожа. По околу 2 недели со редовна употреба, може да се забележат видливи подобрувања во текстурата, тонот и производството на себум.

 

Што да изберам: крем или гел?

 

Зависи од типот на кожа и нејзините потреби. Ако имате масна кожа, се препорачува користење на полесни гел формули. Геловите не ја омекнуваат толку кожата и ја подобруваат пропустливоста, со што има поголем ефект врз кожа со затворени пори, акни и митисери. Кремите се подобар избор за сува и нормална кожа. Освен тоа, дневните креми содржат SPF (Заштитен фактор од сонце) и ја заштитуваат кожата при изложеност на сончеви зраци коешто предизвикува фото-стареење.

 

Што се антиоксиданти?

 

Антиоксиданти се група хемиски супстанци, кои се јавуваат во мала концентрираност, ја спречуваат или забавуваат оксидацијата на супстанците предизвикани од слободните радикали кои предизвикуваат стареење на кожата. Со други зборови, антиоксидантите помагаат против оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали во клетките на кожата, при што го одржуваат младешкиот и здрав изглед на кожата. На пример, витамините С и Е се познати оксиданти.

 

Што ако купам крем кој не одговара на мојата кожа? 

Доколку кремот што сте го купиле не одговара на вашата кожа, AVON гарантира за можноста на враќање или менување на производите најмногу за 3 месеци. Исто така, може да ви понудиме друга линија на производи за нега на кожа.