Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да бидеш Апсолутно феноменална?

Дали си силна и сигурна во себе, а истовремено женствена и нежна? Ги споделуваме овие совети за тоа како да ги поттикнеш овие квалитети со помош на мирис, облека и шминка! Биди апсолутно феноменална!

Дали женственоста е дефинирана само од нежните, светли тонови, деликатноста и скромноста? Секако дека не! Женственоста исто така значи моќ, сила и магнетизам. Понекогаш, ние сме премногу нерасположени да ги манифестираме тие квалитети. Се преправаме дека сме послаби наспроти она што навистина сме. Имаме тенденција да ги потиснуваме нашите предности, што се рефлектира на тоа како нѐ гледаат и третираат другите. Покажи ја твојата моќ и со сигурност ќе го постигнеш она што го посакуваш!

Апсолутно феноменална шминка

Започни со шминка. Не мора да биде комплексна; доволно е да обрнеш внимание на овие неколку важни елементи:

  • Суптилно осветлена кожа и нагласени јаболчници. Користи бронзер или осветлувачки бисери.
  • Силно нагласени очи со темни линии и добро нанесена маскара.
  • Јако нагласени усни. Не плаши се од црвените и пурпурни нијанси! Тие одговараат и на блондинки и на бринети.
  • Добро негувани нокти: не мора да бидат црвени, но ако така сакаш – уште подобро!

Овој изглед е одличен за секојневни прилики!

Апсолутно феноменална облека

Добро познат е фактот дека добро избраната гардероба може да ја зголеми самодовербата и храброста. Апсолутно прекрасна жена, полна со моќ и благост, знае како да ги истакне своите предности истовремено прикривајќи ги несовршеностите.

Докажани рецепти? Ги имаме сите!

  • Ако сакаш оптички да ја издолжиш силуетата, избери V-изрез, особено ако деколтето ти е адут.
  • Биди внимателна со црната боја! Да, таа е софистицирана, но ако доминира, ќе направи да изгледаш постаро, ќе ги нагласи темните кругови околу очите и несовршеностите на кожата и исто така, ќе го нагласи бледилото.
  • Носи накит! Секоја стилизација може да биде дополнета со аксесоари.
  • Запомни ги правилата на вистинските дами: добри чевли и чанта се вистински неопходности.
  • Вљуби се во класичниот изглед. Ако се стремиш кон авангардни решенија, обиди се да комбинираш класични парчиња облека со помодерни, на пример, комбинирај екстравагантна блуза со класично здолниште.
  • Одбери квалитет, а не квантитет: подобро е да имаш неколку одлични парчиња облека пријатни за носење, отколку куп облека која е бескорисна кога од неа треба да избираш!

Апсолутно феноменален парфем

Мирисите се моќни – тоа е општо познато уште од древни времиња. Мирисите можат да заведат, да разбудат спомени и променат расположение. Тоа е така поради тоа што тие делуваат на различни центри во мозокот.

Ако бараш исклучителен мирис за себе, пробај го парфемот TTA Absolute, произведен од масла со највисок квалитет. Парфемот е креиран од ноти на бергамот, горчлив портокал и сензуално сандалово дрво од Шри Ланка. Тоа е парфем за жената која сака да остави долготраен и незаборавен впечаток.

Апсолутно феноменално расположение!

Ова е финалниот чекор до твојот совршен стајлинг. Не заборавај да понесеш насмевка и самодоверба. Шминката, гардеробата и мирисот може да го поттикнат расположението, но тоа сепак потекнува од твојата глава.

Запомни, женственоста има многу нијанси и исто така, содржи моќ, самодоверба и магнетизам.

Дали ги поседуваш овие квалитети? Не е грев ако ги искористиш!