Македонија
    |         |         |    
Соработка на Антонија Ристовска и AVON Македонија на Моден Викенд Скопје 2013


Новиот парфем INSTINCT на компанијата AVON инспирација за новата колекција на познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска на осмата сезона на Моден Викенд Скопје


Во рамките на осмото издание на Моден Викенд Скопје, на 24 октомври модната дизајнерка Антонија Ристовска се претстави со својата колекција наречена INSTINCT, инспирирана токму од истоимениот нов парфем на светски познатата компанија AVON. Со овој мирис за Неа компанијата AVON се појавува и како официјален „парфем партнер“ на осмиот Моден Викенд.

Заштитно лице на парфемот Instinct за Неа е неодоливата глумица Меган Фокс, која е симбол на исконска заводлива убавина и нескротлив сексапил, па токму оттаму и Антонија Ристовска ја наоѓа својата инспирација за новата колекција есен/зима 2013/2014. Инспирацијата е изразена преку есенција и спој на внатрешната и надворешната убавина на жената, преку формата и суштината на неговото височество – ПАРФЕМОТ.

„Колекцијата, како и парфемот, е инспирирана од сексапилната и силна жена, полна со самодоверба која ја искажува со својот изглед, говор, начинот на кој чекори и начинот на кој ги привлекува сите погледи околу неа. Жена која е свесна за својата заводливост и знае како да ја искористи како нејзин најсилен адут“, вели Антонија Ристовска.



Нејзините модели се во стилот на 60-тите и 80-тите години и тие се надополнети со модни додатоци од портфолиото на AVON. За своите креации Антонија вели дека ја нагласуваат женственоста и страста која доаѓа однатре, во стил на умерена елеганција, исто како што и парфемот Instinct е интензивно примамлив со заводиви ароми кои ги поттикнуваат инстинктите, сензуалноста и женственоста.

Соработката помеѓу Антонија Ристовска и компанијата AVON започнува уште на почетокот на четвртиот квартал од 2013 година, кога познатата модна дизајнерка ексклузивно се појавува во брошурите на AVON како „советник за убавина“.