Македонија
    |         |         |    
Витамин Ц: - витамин за подмладување - AVON Македониjа

Витамин Ц: витамин за подмладување? Ние проверивме како моќта на портокалите функционира во козметиката!

Секое дете има слушнато за витамин Ц. Тој е одличен за настинки, кога ни тече носот, или секогаш кога треба да го зајакнеме нашиот имунолошки систем. Можеме да најдеме голема количина на витамин Ц во цитрусите, но ова не е единствениот извор на оваа вредна состојка. Како витаминот Ц влијае на убавината? Може ли да ни помогне да го задржиме блескавиот, младешки изглед?

Одговорот е: да, и оваа тема е достојна за нашето внимание. Потрагата по "чудото на сите времиња" трае веќе неколку години, но некои состојки и формули постојано се враќаат во оваа потрага. Едноставно затоа што тие се ефикасни. Таков е случајот со витаминот Ц, кој се враќа во различни верзии на производи за нега на лице, вклучувајќи ги оние кои подмладуваат и ревитализираат.

Витамин Ц: витамин за подмладување

Како функцонира козметиката со витамин Ц?

Витаминот Ц е посебна состојка и има многу задачи што може да ги исполни! Прво, функционира како моќен антиоксидант. Што значи тоа во пракса? Се бори против слободните радикали, спречува клеточно оштетување и стареење на кожата. Благодарение на неговите корисни својства ги запечатува крвните садови, ја подобрува нивната еластичност и го забрзува процесот на заздравување. Ваквите квалитети се особено важни за дами со кревки или проширени капилари, склони кон еритемична и куперозна кожа, како и за оние кои се борат со, на пример, акни.

Својствата на витаминот Ц во борбата против брчките се медицински докажани. Кај многу жени се докажа дека ги намалува дисколорациите, ги смирува иритациите на кожата и се бори против дехидрација на кожата преку стимулирање на синтеза на церамидите неопходни за задржување на водата.

Интересно, витаминот Ц, исто така, функционира и како УВ филтер - и ова сè уште не е целосниот спектар на неговите способности!

Витамин Ц: витамин за подмладување 2

Козметика со витамин Ц: За кого?

Има само еден одговор: за секого. Оваа скапоцена ревитализирачка состојка може да им користи на многу млади девојки, од тинејџерки до 20, 30-годишни жени, но исто така и на зрелите дами.

Јасно е дека грижата за убавина треба да се прилагоди на потребите на кожата, што може да варира за секоја од нас, но сепак може да има заеднички елемент, како на пример крем или серум со витамин Ц кој може да го применат и мајката и ќерката.

Серум со витамин Ц од ANEW: ја има моќта!

Серумот со витамин Ц од ANEW е нов производ со докажана и потврдена ефикасност. 99% од жените кои го тестирале овој производ потврдиле дека ефектот на блескава кожа е очигледен и истиот е постигнат поради 10% витамин Ц во единствена, патентирана формула.

Што е толку посебно во врска со него? Пред сè, состојката останува активна и ефикасна од првата до последната употреба.

Ефектот на осветлена, мазна и подмладена кожа е постигнат дури и по првата употреба. По 2 недели твојата кожа ќе изгледа помлада, поцврста, и ќе има понежна структура.

 Витамин Ц: витамин за подмладување 3

Прошири ги ефектите: уживај во подмладување

Серумот со витамин Ц најдобро функционира кога се користи во комбинација со другите производи од ANEW. Доколку си помлада од 30-35 години, пробај го комплетот со лесен хранлив крем кој ги содржи сите потребни состојки и овозможува соодветна хидратација. За дамите на возраст 45+ и 55+, ги препорачуваме комплетите со креми за зацврстување и обновување, заедно со витамин Ц серумот.

Ваквата грижа не само што може да го запре времето, туку и да го врати назад.