Македонија
    |         |    
Мојот паметен ден - AVON Македониjа

Мојот паметен ден

Приближувањето до крајот на годината е совршено време да се започне физички тренинг. Овој пат одлучив да не чекам да ги донесам традиционалните одлуки за во Новата година, туку веднаш да дејствувам, за да може да ме собере мојот омилен фустан за новогодишната забава (а не можам, поради неколку причини: премногу слатки, ми се чини премногу тесен...). Имам многу добри намери, но ми недостига мотивација. Затоа решив да ја искористам помошта од паметниот часовник на Avon.

Јас не би била јас ако не ја забележам прво естетиката на часовникот. Достапен е во две верзии: класична црна и пудресто-розева. Се разбира, ја одбрав втората опција. Освен неверојатната боја, големината е таа која привлекува внимание: часовникот не е преголем, наликува на стандарден часовник. Според мене, ова е голема предност. И можам да го носам заедно со алки; всушност, одлично изгледа заедно со нив. Црниот екран на часовникот се осветлува кога ќе се допре или кога ќе се појави известување.  

Мојот паметен ден

Но, да почнеме од самиот почеток: опциите

Тие се навистина едноставни за прилагодување. Часовникот се полни преку USB кабел и може да се синхронизира преку bluetooth со апликацијата на телефонот. Достапна е и апликација за Android и iOS оперативни системи - WearHealth. За да продолжиме, треба да ги прилагодиме сите опции, да го внесеме бројот на чекори кои сакаме да ги поминеме секој ден (амбициозно ги одбрав препорачаните 10.000) и да додадеме известувања од избраните апликации.

Кога зборуваме за известувањата - немав поим дека една толку едноставна функција може да биде толку многу корисна! За разлика од мобилниот телефон, постојано го гледам часовникот, па известувањата навистина ги забрзуваат работите. Особено за некој кој, како мене, троши премногу време зборувајќи преку пораки. Сега сум сигурна дека нема да остане порака која ќе биде незабележана.

Но, ајде да се вратиме на главната функција на уредот, која ги брои чекорите во текот на целиот ден. Свесна сум за фактот дека спортот е здрав, но до сега не сум посветувала толку големо внимание на оформување на моето тело со дневна доза физичка активност. Кој има време за тоа кога работи 8-часовна смена во канцеларија, нели? Токму тука паметната функција станува хит! Не можам, а да не проверам колку чекори сум направила. За жал, бројот не се зголемува многу брзо. Сепак, 10.000 чекори се сосема доволни.

За да се охрабрам, решив да се борам со мојата мрзеливост со користење на скалите, наместо лифтот. Барем моите чекори се зголемуваат со задоволителна брзина. Колку поблиску сум да ја постигнам мојата цел, толку повеќе се охрабрувам. Сè почесто и почесто излегувам од автобусот една станица порано, за да пешачам до дома. И сепак, се чини дека најдобриот начин за постигнување на посакуваните 10.000 чекори е да се впуштам во мојот омилен спорт - пазарувањето! Одењето низ продавниците ми дава дополнителни неколку илјади чекори. Го комбинирам пријатното со корисното, и имам добар изговор за понатамошни екскурзии до трговскиот центар.

Мојот паметен ден 2

Часовникот исто така има и "спортска" функција - за луѓе кои сакаат да ги зачуваат и да ги следат километрите кои ги истрчале. За жал, во мојот случај, само добрите намери беа успешни... Но, сигурна сум дека ќе ја тестирам во блиска иднина!

Часовникот е одлична играчка и огромен поттик да пешачиш секој ден, дури и ако зборуваме само за обични прошетки. Ова е фантастична идеја за подарок за себе или за твоите блиски кои ги ценат технолошките изуми.