Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Не е лесно да се биде тинејџер! Нели?

Да бидеме искрени, да се биде тинејџер не е баш лесно. Школо, пријатели, родители – секој од нив со различни очекувања. Како сето ова да не е доволно, твоето тело почнува да ти се спротивставува!

Бидејќи знаеме дека се може да биде многу подобро, веднаш може да започнеме со размислување на конструктивен начин.

Сакаш да имаш добри односи со луѓе, пријатели на кои можеш да сметаш, родители со кои се согласуваш, а на крај на сето тоа да изгледаш убаво и да се чувствуваш пријатно во својата кожа. Да бидеме искрени – работите не се прават сами од себе!

Цени ги односите!

Добрите односи навистина се важни. Различни луѓе бараат различни начини на комуникација, не секој може да ти стане пријател. Капацитетот да знаеш да комуницираш со луѓе ќе ти се исплати на сите полиња.

Доколку докажеш дека си фина и дека може да се рачуна на тебе, дека си личност со добри совети, од помош и често расположена, многу веројатно дека и ти ќе можеш да се ослониш на луѓето околу тебе.

Забранети реакции:

  • Безобразни коментари
  • Исмејување
  • Агресија

Вакво однесување може да му се случи на секој, но да запамтиме дека ова е патот кон создавање непријатели наместо пријатели. Запамти: никој не е роден агресивен или безобразен. Тоа се учи со текот на животот.

Покажи ги твоите добри страни!

Дали имаш некоја страст? Покажи ја! Вложи време и труд во тоа што те прави среќна и луѓето ќе те ценат за тоа. Ако во школо имаш омилен предмет – покажи го твојот капацитет. Родителите и наставниците ќе го поддржат и наградат твојот труд, за разлика од постапки кои инволвираат неискреност и манипулација.

Подобро е да ги кажеш работите директно отколку да се оправдуваш. Доколку сметаш дека не можеш да направиш нешто – побарај помош! Најчесто ќе ја добиеш. Луѓето сакаат да помагаат и ја ценат искреноста и храброста да ја побараш.

Грижи се за себе!

Изгледот е клучен за тинејџерите. Во овој период телото трпи значајни промени – а на крај се трансформира.

Запамти дека:

  • Никој нема совршено тело, и поголем број на луѓе имаат комплекси
  • Овој период на трансформација ќе помине, некои работи мораш да ги издржиш
  • Важно е да влијаеш на ониe работи кои можеш да ги промениш (пр.изглeдот на кожата)
  • Нема потреба да се споредуваш со другите, бидејќи сите сме различни

 S.O.S. за кожа

Доколку кожата е извор на твојата несигурност, незадоволство и комплекси, има многу фактори на кои можеш да влијаеш! За почеток, започни редовна нега на својата кожа. Доколку користиш гел или тоник еднаш неделно, резултатите нема да бидат видливи и коректорот ќе ти биде единствениот начин за корегирање на неправилностите.

Внимание! Кога ќе одбираш козметика, одбери ја онаа која е наменета за твојот вид на кожа и за твоите потреби. Сите видови на кожа или акни не се третираат со истата козметика. Погледни ги нашите производи и одбери ги оние кои најмногу ти одговараат.