Македонија
    |         |         |    
Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ! | AVON Македонија

Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ!

Мирисот на вистинската љубов

 

TTA My Everything за Неа и за Него носат отварање со богат Бергамот и малина, кој предизвикува занес од освежувачката арома. Ѓумбирот прави совршен баланс помеѓу овошната слаткост и богатиот зачин за овој мирис да биде неодолив.  

Ноти на расцветани цветови стимулираат шармантичнаи романтична арома. Розе триото носи волшебност како љубовна страст. Портокаловиот цвет зрачи со свежина. Богатиот Јасмин емитува спокоен и сензуален мирис.

Топлото сандалово дрво замотано во слоеви на Килибар и Пралине даваат смирувачки тон.  Овој мирис е примамлив и долготраен.

 

Ова се ГЛАВНИТЕ НОТИ на парфемот ТТА My Everything

 

БЕРГАМОТ

Именуван според Италијанскиот град Бергамо во Ломбардија каде за прв пат бергамовото масло било продавано. Бергамовото дрво има бујни лисја со мали бели цветови. Етеричното масло се добива од жолто-зелената кора од малото Бергамот овошје кое дава свеж мирис на лимон-портокал-цитрус со мал цветен тон. На мирисот му дава свеж врв.

 

РОЗА ТРИО

Примамливиот спој на на волшебни цветови Роза Трио содржи комбинација на женствени цветови кои создаваат цветна опојност и впечаток на вечност. Трите видови на рози ја нагласуваат блескавоста и богатоста на нивните листови: листови роза од Турција, Грас и Бугарија.

 

ПРАЛИНЕ

Богатоста на оваа состојка го зголемува доживувањето на самиот крај. Направен од сладок, крцкав кафеав шеќер, пралинето носи слатко-сензуален акорд што создава зависност.