Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Luxe – козметика која прави да се чувствуваш посебно!

Единствени рецепти, висококвалитетни состојки, софистицирано пакување и гламур во кој ќе се заљубиш – тоа е Luxe линијата на производи на AVON. На што треба да обрниш внимание?

Со воведувањето на линијата Luxe на пазарот, АVON сакаше да ги задоволи клиентите со префинети очекувања.  Затоа оваа козметичка линија, во која ќе најдете производи за шминка како што се пудри, сенки за очи, кармини и маскари е неверојатно префинета и има многу лојални корисници.

Што ја прави Luxe линијата толку успешна?

Највисок квалитет на состојки

Што асоцираме со луксуз? Скапоцени камења, свила, масла, злато, сјај – по можност во комбинација со суптилен мирис.

Сите овие состојки ќе ги најдеш во линијата Luxe, состојки кои се навистина импресивни. Ова е листа на некои од состојките:

  • Амберс, познат по своите антиоксидантни и навлажнувачки квалитети (присутен на пример, во бронзерот за лице)
  • Араганово масло, обезбедува златен сјај, хидратација и здрав изглед
  • Ретинол и колаген
  • Екстракт од бел сафир (во пудрата за лице)
  • Бисери – распрскувачи на светлина, кои ги прикриваат несовршеностите и ја прават кожата блескава
  • Прав и микро честички на црни дијаманти (во моливчето за очи со интензивна боја и маскарата)
  • Свила
  • Екстракт од орхидеја

 

Уникатно пакување

Дури и најдобрите состојки нема да те маѓепсаат без соодветно пакување. Luxe производите се чуваат во добро дизајнирани, класични пакувања кои рефлектираат луксуз и прекрасна прецизност.

Златото е доминантно. Течната и компактрната пудра,  маскарата и останатите производи се совршено претставени со златен отсјај, секогаш ја красат женска чанта.

За кој е наменета линијата Luxe?

Линијата е наменета за доминантни, самоуверени жени со префинет вкус кои бараат совршеност во шминката.

Што е ново во линијата Luxe?

Линијата продолжува да се проширува и во последно време е збогатена со моливче за очи со меко сунѓерче. Дополнително линијата ја краси новиот 3 во 1 компактен бронзер (осветлувач, руменило и бронзер) за нежен сјај на лицето.

Најновиот производ е карминот со сензионален испакнивачки ефект – дава волумен благодарение на јадрото за поттикнување на колаген. Дополнително, дава совршена боја и измазнетост благодарение на хидратантната формула.