Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Лето? Време за промени!

Лето, сонце и долгоочекуваниот одмор - ова е одличен период да се опуштиш и да уживаш! Те охрабруваме да направиш промени кои ќе бидат корисни за тебе и за твоето опкружување!

Во текот на годината, малку сме напнати и често цврсто се држиме до нашите ритуали. Секогаш одиме по истиот пат на работа, ја користиме истата боја на кармин и користиме само еден избран парфем.

Летото е идеално време да се каже крај на оваа ригидност! Кој знае какви добри работи ќе ти се случат како резултат на добар одмор и експерименти?

Направи промени во текот на летото! Зошто е тоа добра идеја?

Стагнацијата е безбедна но исто така здодевна, а тоа го попречува нашиот раст. Ако секогаш го следиме истиот распоред во животот, ќе останеме на едно место. Тешко е да се направат промени, особено ако сме држеле исто темо повеќе месеци или со години.

Летото е совршено време за ситни глупости! Не треба да оставиш сè и да прелеташ на другата страна на светот. Промените може да бидат суптилни и мали, се додека ја чувствуваш возбудата и радоста на правење нешто сосема ново! Овој процес е волшебен и охрабрувачки - и она што е најбитно е промената да остане со нас многу подолго од летниот одмор!

Зошто е убаво да се експериментира со мириси?

Дали знаеш дека твојот нос е многу чувствителен орган и мирисната меморија е една од најнапредните особини на луѓето? Мирисот има моќ да ни врати спомени и неверојатни моменти, да го промени нашето расположение, па дури и начинот на кој го гледаме на другите луѓе или ситуации!

Ако обично користиш еден омилен парфем, остави го дома за време на одморот. Одмори се и од него. Пробај нешто сосема ново и избери парфем од друга категорија.

Од сега па натаму новиот парфем ќе стане меморијата на летото. Летниот одмор ќе остане во твоето сеќавање и после избелдувањето на сончаната кожа.  

Кој мирис се хармонизира со летото?

Се разбира, не постои универзален одговор. Ако твојот мирис е комбинација на интензивни ноти, ова лето пробај некој полесен!   

Остави ги суеверијата дома, до стариот парфем! Цветените парфеми може да бидат храбри, со деликатни ноти!

Совршената летна мешавина е на пример присутна во AVON Luck парфемот, мешавина од цитрус и дрвенести ноти, или комбинација од фрезија со јасмин и мошус во Far Away парфемот.

Наш СОВЕТ: Најдобро време за тестирање парфеми е во утринските и претпладневните часови, кога нашите носеви се свежи и одморени, а ја користиме и нашата интуиција во процесот. Ако се чувствуваш привлечена од одреден парфем – избери го! Дури и ако тоа не стане доживотна љубовна врска, ќе поминете убаво лето заедно!

Експерименти? Убеди го твојот партнер да ти се приклучи!

Мажите имаат тенденција да бидат козметички конзервативци. Често тие користат еден парфем во текот на многу години, па дури и во текот на целиот живот! Ако твојот партнер секогаш мириса на истиот парфем, обиди се да го убедиш да ја промени навиката!

Летните трендовски мажи може да мирисаат на босилек и црн килибар (Black Suede Night) смрека, чемпрес и мошус (Full Speed), или нане и шумски мов (АVON MAN).

Како да го убедиш кон ароматични експерименти? Кажи му дека промените се секси, тие ги обновуваат и разгоруваат искрите во врската! Спакувај нов парфем во неговиот летен козметичкаи несесер или подари му нов парфем во некоја специјална летна прилика. Ако се потрудиш само малку, сигурно ќе го убедиш да направи промена!