Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Совршени нозе во 3 чекори

Ја чувстуваш ли пролетта во воздухот? Време е да го разголиш телото! Покажи ја идеално мазната и прекрасна кожа! Ти претставуваме три брзи и лесни чекори како да постигнеш одлични резултати, совршени за носење краток фустан во летни бои за излегување со пријателите!

Брзо и лесно отстранување на влакна – дали е возможно?

Што е најважно при депилацијата? Времетраењето, безболноста и долготрајните ефекти! Ова е едно од оние нешта за кои постојано ни недостига време, а кога е присутна и болката тогаш се трудиме да ја избегнеме по секоја цена. Всушност, можн е да се комбинира отстранувањето на влакната и хидратацијата! Само два дополнителни чекори и твојата кожа ќе биде дополнително тонирана и совршено сјајна. 

 

1. Избери метод на депилација кој најмногу ти одговара

Сите експерименти се добредојдени во овој случај. Пробај и избери го најдобриот метод за твојата кожа. Жилет (епилатор, брич), крем, восок, или можеби ласерски третмани? Сите методи се различни, но ниту еден нема да те ослободи од проблемот засекогаш. Токму ова е причината зошто поглемиот број на луѓе избираат едноставни решенија достапни за домашна употреба. Eфикасното и долготрајно отстранување на влакна во дмашни услови може да се постигне со нежен крем. Пробај ги прпоизводите од линијата Skin so Soft: тие безболно ги отстрануваат влакната од сите делови на телото обезбедувајќи мазна и совршено хидрирана кожа.

1. За тело, користи универзален крем за депилација. Доаѓа во комплет со соодветна спатула. 2. Лице – можеш да ги користиш восочните ленти за депилација за сите типови на кожа. Тие ги отстрануваат влакната во траење до 4 недели! Во комплетот ќе пронајдеш восочни ленти и шамивчиња натопени во смирувачко масло. Ако третманите со восок не ти изгледа убедлив, пробај го нежниот и многу ефикасен крем за депилација за лице. Доволно е да го нанесеш на саканите делови и по кратко време да ги отстраниш влакната. 3. За бикини зоната – може да нанесеш ултра нежен крем наменет специјално за оваа особено чувствителна област. Кремот безболно ги отстранува влакната и не треба да го  повторуваш третманот секој ден!

Сепак, ако сеуште си навикната на бришот и секојдневното бричење, за тебе имаме хидрирачки гел за бричење. И секако, остранувањето на влакната без иритации на кожата е можно! Овој гел ја омекнува коожата и ги смирува сите повреди на епидермисот.

2. Одличен ефект – тонирани нозе!

Зголеми го фантастичниот ефект и додади малку исончан тен на твојата кожа. Со твојот нов фустан, ти ќе изгледаш како да е веќе средина на летото! Време е твојата кожа да биде е сјајна, цврста, мазна и има изедначен тен. Таквиот ефект може да се постигне со бронзер балсамите Enhance & Glow од линијата Skin so Soft. Тие содржат екстракт од семе од амарант и масло од јојоба кои одлично ја хидрираат кожата, особено по депилацијата. Постојат две варијанти: за светол до среден тен и за сите типови кожа, така што нема да имаш проблем да ја избереш вистинската нијанса. Со секоја употреба ти ќе го зајакнеш ефектот на исончани нозе. Бледа по зимата? Не овојпат!

3. Прекрасна и мазна кожа – нека сјае уште повеќе!

Третиот чекор, по депилацијата и бронзениот балсам, е додавањето на дополнителен сјај. Меката, свиленикаво мазна тонирана кожа ќе биде уште поубава со таквите прекрасни завршни потези.

Користи осветлувачко масло за разубавување. Лесно е и немасно со што обезбедува брзо впивање. Може да го користиш и пред излегување.

Ако твојата кожа е нормална, избери масло од јојоба. За додавање на нагласен сјај на тмурната кожа, користи масло со протеини од свила, совршено за навечер или за поважни прилики!Ако преферираш да го нагласиш постепениот ефект на исончана кожа, избери масло за сончање. Ако твојата кожа е сува, пробај го аргановото масло кое дополнително ќе ја потхрани.

Биди прекрасна оваа пролет! Сега е навистина лесно!