Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

5 ситуации кога добрата смисла за хумор е незаменлива. Научи како повторно да ја поседуваш!

Скршена потпетица, скинати хулахопки, проблеми на работа, кавга со пријателот, лошо време – секогаш постојат безброј причини кои ќе те онерасположат. Како брзо да го повратиш смисолот за хумор и добрата енергија? Суптилните мириси ќе го сторат тоа! Провери како тоа функционира!

Дали ова звучи мистериозно? Мирисот во спреј не е само магичен феномен, туку е лепеза од изобилство на прекрасни овошни и цветни ароми. Ти лесно може да поседуваш неколку за различни прилики, бидејќи тие се ефтини и содржат ниска концентрација на парфимериски масла за разлика од скапите парфеми или тоалетните води. А сепак, тие магично создаваат одлично расположение.

За добар почеток на денот!

Не спиеше добро? Дали е сиво надвор? Не ти се станува воопшто, а обврските кои ти се надвиснале над глава прават да не се чувствуваш добро? Не се откажувај! Колку подолго останеш во кревет, толку повеќе енергија губиш.

Силно истегни се, стани и насмеј се. Ова е најдобриот начин да му кажеш збогум на лошото расположение! Докажано е дека насмевката, дури и онаа вештачката, всушност, нé инспирира за попозитивни мисли.

Истуширај се и нанеси спреј за тело со зелен чај и врбинка на себе и во собата. Делува подобро од кафе! Јади лесен појадок. Можеби овес со овошје? Вреди да го започнеш денот на овој начин!

Задржи ја енергијата во текот на денот!

Работиш напорно, немаш време за ништо, а набавките се трупаат. Пораки, телефонски повици... хаосот владее, а ти со задоволство би ја избегнала оваа ситуација, бидејќи наместо ентузијазам за работа, чувствуваш бес и иритираност кој и понатаму се развива. Кажи им на овие чувства да престанат да преовладуваат! Избегај на кратка прошетка, или барем промени ја просторијата накратко. Важните работи нема да претрпат штета поради 15-минутна пауза, додека тебе тоа ќе ти годи за да го повратиш редот на мислите и да поставиш здрава дистанца од проблемите.

Вдиши длабоко неколупати. Пред да се вратиш на работа, нанеси спреј на рацете и косата со арома на кокос и карамбола. Слаткото освежување со суптилен мирис ќе те ревитализира за да можеш да работиш. Живиот мирис на боровинка и орхидеја делува подеднакво добро за да обезбеди релаксација.

Запиши што сé треба да направиш, дефинирај ги приоритетите. На крајот на краиштата, немаш многу задачи, зарем не?

За прекрасно попладне!

Се враќаш од работа, уморна, гладна, со натежнати кеси од супермаркет ... на секому би му било доста од сé! Но пред да дозволиш уморот и лутината да го контролираат и расипат твоето попладне, седни и диши. Шопингот може да почека, а покрај тоа, и останатите во семејството можат да помогнат!

Намирисај ја собата со мирис на ванила и сандалово дрво, или слатка арома на црешов цвет, пушти си ја омилената музика и не прави ништо некое време. Нема потреба било каде да брзаш. Овој момент е само за тебе и ќе го врати твоето одлично расположение за остатокот од попладнето. Ќе имаш енергија да играш со децата и за заедничка подготовка на вечерата.

За вечер со пријателите!

Понекогаш после напорен ден не ти се прави ништо, дури не ти се излегува ни со пријателите. По желба, може да си прилегнеш во некое катче ... но тоа е без поента! Пријателството треба да се негува, а ти треба повеќе да уживаш во кругот на прекрасните луѓе кои те опкружуваат. Дозволи си брзо туширање, по можност со освежителен и енергизирачки гел за туширање со цитрусни ноти. Намирисај го телото со спреј од калинка и манго, облечи шарен фустан кој ти одговара на бојата на очите и нанеси смела шминка! Изгледаш одлично, нели?

Заспиј со одлично расположение!

По интензивниот ден и средбата со пријателите легни да спиеш во одлично расположение. Намирисај ја перницата со сладок и смирувачки мирис на мед и млеко, и исклучи ги мислите!