Bookmark and Share

Новости

Засадете дрво

ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС НА ЕДНА МАИЦА

Маицата не е обичен предмет

Повеќето од нас купуваат производи без да размислат од каде доаѓаат. Но, доколку сте научник, или еден од сè поголемиот број потрошувачи свесни за животната средина, ќе размислите за влијанието на еден производ, низ целиот негов живот, или „животен циклус“. Влијанието над животната средина може да се почувствува во повеќе делови од животот на еден производ: кога суровиот материјал се вади и обработува, кога производот се доставува до продавницата, кога се користи од потрошувачот и конечно, кога го фрламе.

На пример за маицата, дознаваме дека не е обичен предмет. Пред да заврши на вашето тело, таа шета насекаде по светот. Цената на маицата можеби е ниска, но плаќаме за неа на начини кои се штетни за околината и нашето здравје.

Животот на една памучна маица може да започне во Кина, Кенија, Египет, САД или Узбекистан. Овие земји се одгледувачи на големи количини памук. Еднаш оберен, суровиот памук најчесто се праќа во области со ниска работна сила, како што се Азија или Латинска Америка, за да биде обработен во предиво, сплетен, шиен и обоен. Потоа маицата се доставува до пазарите ширум светот. Ова значи дека доколку сте купиле маица во Лондон, можно е да е одгледувана во Тексас, произведена во Кина, а испорачана до некој европски дистрибутивен центар, пред да пристигне во вашата торба. Откако ќе ја купите, ќе ја исперете и исушите многу пати. Топлата вода за перењето и енергијата користена за сушењето имаат значително влијание. Животниот циклус на маицата завршува кога ќе ја фрлите, а веројатноста да заврши на депонија е голема.

Најсериозното влијание во животниот циклус често се случува на необични места: за маицата, тоа се одгледувањето на памукот и нејзиното перење/ сушење. Иако зафаќа само 3% земја, во светски размери, памукот користи повеќе пестициди од која било друга култура, како и 25% од користените инсектициди во светот- голем број од нив се познати канцерогени. Некои проучувања покажуваат дека перењето и сушењето на маиците сочинуваат речиси 60% од користената енергија, во текот на животот на маицата. Ова настанува првенствено заради интензивното користење на енергијата при процесите на топли перења и сушења.

Наједноставното решение? Следете ги овие совети и запомнете ги овие факти следниот пат кога ќе купувате маица:

  • Купувајте памук кој е одгледуван одговорно
  • Перете ги алиштата на ладна до топла програма на машината
  • За да ги исушите, закачувајте ги алиштата
  • Купувајте детергенти специјализирани за перење во ладна вода
  • Користете ги алиштата подолго време или купувајте користени алишта за да го намалите влијанието над животната средина од производството на нова облека.

Овој извадок е добиен од Esty Environmental Partners, консултантска куќа за управување со животната средина, базиран на дваесетгодишно испитување од страна на Ден Ести, професор на престижниот Универзитет Јеил и еден од водечките мислители и советници