Bookmark and Share

Зелени Совети

Засади дрво

Reduce

Намалете ја потрошувачката на енергијата и зголемете ја заштедата: користете лаптоп компјутер, кој користи само 15 до 25 вати при регуларно користење, во споредба со 150 вати кои се консумираат од страна на конвенционалните десктоп компјутери и монитори. Вклучете го адаптерот на вашиот лаптоп во апарат кој го исклучува доводот на струја кога лаптопот не се полни, и користете ја опцијата „мирување (sleep mode)“ затоа што така се троши само мал дел од енергија.

Намалете го загадувањето на воздухот и употребата на дрва за подготвување на скара: хибридите не се користат само во автомобилите! Трансформирајте ја домашната скара во хибриден модел. Користете електрична енергија или гас како главен извор на енергија за скарата и горете само мало количество јаглен или дрво за да го доловите мирисот и вкусот на храната подготвена на скара.

Користете економични сијалици економичните сијалици траат 12 пати повеќе од традиционалните сијалици и трошат 20% од енергијата. Овие сијалици се фокусираат на создавање енергија, а не топлина: 90% од енергијата која ја користат традиционалните сијалици се залудно потрошени на произведување топлина.

Reuse

Мијте и употребувајте цврсти шолји или чаши: во домот, на работа и за време на слободните активности, користете шолји или чаши кои можат да се употребуваат повеќе пати, отколку да користите чаши за една употреба и охрабрете ги колегите, пријателите и членовите на фамилијата да го прават истото. Со тоа ќе го намалите цврстиот отпад и ќе ги зачувате материјалите и ресурсите, дури можете и да користите вода и сапун за да ги миете чашите.

Позајмете работи од локалната библиотека или пријатели: позајмете книги, ЦД-а и филмови, наместо да ги купувате. Со тоа ќе помогнете во намалувањето на материјалите, вклучувајќи ги дрвата и енергијата која е потребна за производството на книги, и необновливата нафта која се користи за производство на ЦД-а и други медиумски средства.

Купувајте работи од економични и половни продавници и пазари за стари работи: Поддржете ја иницијативата за рециклирана стока купувајќи половни работи. Овие се поевтини и понекогаш поинтересни од новите работи и со тоа ќе го намалите искористувањето на ресурсите потребни за производство на нова стока. Многу земји имаат онлајн ресурси со кои ќе можете да ја лоцирате половната стока, како што сеfreecycle.org и craigslist.com во САД

Recycle

Правилно исфрлете го мобилниот телефон: однесете го мобилниот телефон во овластен центар за рециклирање. Мобилните телефони содржат доволно олово за да влезат во групата на опасен отпад, а оние кои не содржат олово, содржат бакар, никел, антимон и цинк кои истекуваат на депониите. Во многу земји, постојат програми кои нудат половни телефони на оние на кои им се потребни, вклучувајќи жртви на домашно насилство, па размислете за можноста да помогнете некому со вашиот стар телефон.

Рециклирате ја водата: во домот, променете ја конструкцијата на цевките за вода, така што дождовната вода или отпадната вода од тушот или кадата да се сливаат во казанчето на шолјата. Доколку имате градина, полевајте ја со водата од кадата или од садовите за миење (само доколку користите биолошки разградив детергент). Детергентот во отпадната вода исто така може да помогне во справувањето со несаканите инсекти во вашата градина, без да користите пестициди.

Рециклирајте ги старите работи: донирајте ги старите работи во хуманитарни организации или побарајте онлајн совети, како што се оние на Freecycle.org за тоа како да се ослободите од работите кои вие не ги сакате, а кои може да му користат на некој друг. Или, можете да разменувате облека или работи од домаќинството со пријателите и фамилијата. Поставете правило во вашата куќа дека сè што може да се искористи, прво ќе пробате да го продадете или дадете некому, пред да го фрлите.

Rethink

Перете ги алиштата во млака или ладна вода. Деведесет проценти од енергијата која се троши со машините за перење оди во затоплување на водата и најголемото еколошко влијание, во животниот циклус на облеката, настанува при перењето, а не при производниот процес. Повеќето алишта немаат потреба од перење во топла вода, за да бидат добро испрани и повеќето детергенти денес се ефективни во ладна вода. Колку е повисока температурата на водата, толку повеќе енергија се троши и со тоа се поголеми трошоците за енергија и нејзиното влијание врз животната средина.

Поправете ја цевката или славината која ви протекува: една цевка или славина која протекува, испушта 30 капки во минута, односно троши 114 литри вода секој ден, или еднакво на 27 кади полни со вода годишно. Поправете ги сите расипани цевки и славини и ќе се зачудите колку вода можете да заштедите.

Размислете пред да печатите: за да заштедите на хартија и мастило, проверувајте ги документите пред да ги печатите, и доколку морате да го сторите тоа, печатете ги на двете страни од листот. Повеќе од половина од ѓубрето произведено во светот се состои од хартија.

Плаќање сметки без хартија: плаќајте сметки онлајн со вашите банки, компании за кредитни картички, продавници и други компании кои ви праќаат редовни сметки. Ќе заштедите пари на провизии, и ќе спасите многу дрва и фосилни горива. .

Користете телефони со жица: безжичните телефони се згодни за употреба, но кога се полнат тие постојано влечат енергија, без разлика дали ги користите или се во мирување. Наместо тоа, користете старомодни телефони со жица, кои користат само малку струја преку телефонската линија. Доколку имате повеќе од еден телефон, и ви е неопходен безжичниот телефон, барем еден од телефоните нека ви биде со жица.

Replant

Одберете еколошки растенија за вашата градина: одбегнувајте ги зелените тревници, колку и да се привлечни. Наместо тоа, претворете поголем дел од земјата во градина или шумичка и засадете растенија кои привлекуваат птици и пеперуги. Одберете растенија кои се карактеристични за областа во која живеете и на кои им се потребни помалку вода, ѓубриво и одржување.

Искористете ја природата за да го направите својот дом поудобен: засадете дрва и грмушки околу домот кои ќе ви прават сенка во топлите месеци и ќе ве заштитуваат од ветер во зима. Како дополнителна корист, ќе им пружите на локалните птици место за правење гнезда. Информирајте се во локалниот центар за градинарство кои растенија најмногу одговараат на вашата локација и потреби.

Употребете ја новогодишната елка за други намени: доколку славите Нова година, одберете природна елка со целосни корени. По празниците побарајте совети во локалниот градинарски центар како и каде да ја засадите. Доколку купите дрво што е пресечено, проверете дали вашата заедница или локална организација нуди услуга за претворање на растенијата во ѓубриво, за вашата градина или заедница.