Bookmark and Share
Leaves

Hello Green Tomorrow

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

ШТО?

ДА ДЕЈСТВУВАМЕ!

Hello Green Tomorrow е првата глобална кампања за садење дрва, користејќи ја уникатната можност на Аvon да образува, ангажира и мобилизира луѓето во светски рамки. Над65 земји земаат учество во оваа уникатна акција, и заедно можеме да помогнеме во спасот на Атлантската прашума во Јужна Америка, една од најкритичните и загрозени екосистеми на земјата.

Дрвата ќе бидат засадени во партнерство со организацијата за зачувување на природата The Nature Conservancyкоја ќе го надгледува садењето и долгорочната состојба на шумата. Сите дрва засадени преку кампањата Hello Green Tomorrow ја поддржуваат иницијативата Plant for the Planet на Програмата за животна средина на Обединетите Нации.

ЕДЕН МИЛИОН ДРВА И БРОИМЕ ПОВЕЌЕ СЕКОЈ ДЕН...

Avon ја започна кампањата Hello Green Tomorrow донирајќи 1 милион долари за 1 милион дрва со кои ќе се обнови повеќе од 10 милиони км2 од Атлантската прашума. Сега ни е потребна вашата помош да засадиме уште милиони за да го повратиме ова незаменливо богатство и да им обезбедиме „зелена“ и здрава иднина на следните генерации.

Сè што треба е 50 ден. за секое дрво.

ШТО ЌЕ ПОСАДИМЕ?

Најзначајните видови, кои ќе се користат при оваа акација се (благодарност до организацијата The Nature Conservancy за следниве описи) :

  • Capororoca дрво (Myrsine ferruginea): плодот на Capororoca е гозба за животните, особено за птиците како што се Rufous-bellied Thrush.
  • Golden Trumpet дрво (Tabebuia umbellate): познато по жолтите цветови, се верува дека кога ќе процвета нема повеќе да има мраз. Дрвото има исто ниво на горење како и бетонот и е погусто од вода. Неговата популарност предизвика зголемено нелегално сечење.
  • Guapuruvu дрво (Schizolobium parahyba): дрвото Guapuruvu е домородно растение на Атланската прашума, и го нема никаде на друго место во светот. Тоа е едно од локалните видови со најбрза стапка на растење.
  • Ice Cream Bean дрво (Inga edulis): познато по произведување големи количини на листова биомаса, ова дрво ги контролира попуштањето на земјата и ерозијата. Неговиот популарен плод е долга мешунка и содржи бела сочна пулпа опкружена со големи семки. Пулпата е слатка и потсетува на сладолед од ванила.

ЗОШТО?

ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА

Тропските шуми се „белите дробови на земјата“, критични за здравјето и добрата состојба на сите живи суштества и значаен фактор во влијанието над климатските промени. Уништувањето на шумите е на второ место по согорувањето на фосилните горива како извор на емисии на јаглерод диоксид (еден од штетните гасови) кои доведуваат до климатски промени. Прашумите се исто така дом на голем број биолошки разновидни животни, растенија и птици кои се важни за балансот на животот на земјата.

Атлантската прашума се простира на делови во Бразил, Аргентина и Парагвај и е најзагрозената тропска шума на земјата. Некогаш со големина на крајбрежјето на САД од Меин до Јужна Каролина, денес останати се само 7%, во мали изолирани делови. Атлантската прашума е исто така дом на извонредна палета на животински свет и речиси неспоредлива биолошка разновидност, вклучувајќи 20 000 видови растенија и 1000 видови птици, многу од нив не се сретнуваат на ниедно друго место.

Покрај влијанието на животната средина, Атлантската прашума директно снабдува 120 милиони луѓе со вода и електрична енергија, и напорите за нејзино обновување ќе создадат можности за нови локални вработувања, ќе ги зајакнат локалните институции за заштита и ќе ја потпомогнат заштитата на водата

Добивката е огромна. Доколку се обнови Атлантската прашума, таа ќе отстранува 10 милиони тони на јаглерод диоксид од атмосферата секоја година.

За да имаме позелена утрешнина треба да дејствуваме сега. Потребни се само 50 ден. по дрво.

КАКО?

СО САМО 50 ДЕН. ЗАСАДЕТЕ ДРВО. ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО.

Додадете едно или неколку дрва за да изградите ваша „мини шума“- за вас или во чест на вашите сакани.

Секои 50 ден. ќе засадат уште по едно дрво во критично загрозената Атлантска прашума во Јужна Америка, која е 93% обесшумена. Avon Hello Green Tomorrow собира средства со кои ќе бидат засадени соодветни дрва, кои ќе бидат грижливо надгледувани од организацијата The Nature Conservancy и локалните партнери за конзервација, како дел од напорите да се обноват над 10 милијарди км2 од Атлантската прашума.

За секое донирано дрво, ќе добиете благодарница која вклучува „зелени“ совети за секојдневно да се сетите да редуцирате, повторно употребите, рециклирате, размислите и засадите. . Користете ги советите за себе и споделете ги идеите со пријателите и семејството.

КОЈ?

РАБОТЕЈЌИ ЗАЕДНО ПРАВИМЕ МАЛИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ПОСТИГНЕМЕ ГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ

ВИЕ

Hands

Виеможете да помогнете да се спаси Атлантската прашума и да станете важен дел од оваа кампања со само 50 ден. по дрво. Секој може да има важна улога – секој може да направи промена со мала инвестиција.

AVON PRODUCTS, INC.

Avon

Avonе светски водечка глобална компанија за убавина и лидер во директната продажба за козметика, допирајќи до жените во над 100 земји, преку 6 милиони независни Avon претставници за продажба, кои пак допираат до 300 милиони клиенти ширум светот. Avon е посветен на еколошкото работење на сите делови на нашиот бизнис, и горди сме што сме препознаени за многу наши напори насекаде во светот. Ние го започнавме патувањето во служба на животната средина со многу успеси и голем број предизвици.

Avon ја создаде кампањата Hello Green Tomorrow за да ја искористи својата уникатна особина – можноста да допре, активира и мобилизира милиони луѓе – за целите на обновување на критичен екосистем и за доброто на животната средина во целост. Со вклучување на милиони луѓе во единствена акција – да донираат за да засадат дрво – и да ги образуваме луѓето за зеленото однесување, се надеваме дека ќе направиме значителна промена во заштитата на иднината на земјата... за да и речеме здраво на една позелена утрешнина

ПАРТНЕРИ

The Nature Conservancy

Организацијата The Nature Conservancy – TNC е основана во 1951 година и е водечка светска организација за заштита на земјите и водите кои се еколошки значајни за луѓето и природата. Организацијата е активна во повеќе од 30 земји и има заштитено околу 480 милијарди км2 земја и 8000 км реки во целиот свет, а исто така раководи и со над 100 глобални проекти за заштита на поморскиот свет. Оваа организација е клучен партнер во програмата за собирање средства на Avon, Hello Green Tomorrow. Во соработка со тимот од Бразил и локалните партнери за зачувување, организацијата The Nature Conservancy ќе ги засади и обнови дрвата и ќе ја набљудува обновената шума, и со тоа ќе обезбеди долгорочни бенефити за Атлантската прашума.

United Nations Environment Programme

Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP) е гласноговорникот за животна средина во рамките на Обединетите Нации. Мисијата на UNEP е да ги води и охрабри нациите и народите да го подобрат квалитетот на начинот на живеење, без да го загрозат оној на идните генерации. Програмата Hello Green Tomorrow ја поддржува мисијата на UNEP - Plant for the planet: Кампања за засадување милијарда дрва, светска иницијатива за садење на дрва која вклучува луѓе, заедници, бизниси, индустрии, граѓански организации и влади во 170 земји. Кампања за засадување милијарда дрва ќе даде значаен придонес во кампањата 2010 Интернационална година на биолошка разновидност, подигајќи ја свеста за важноста на биолошката разновидност за нашето здравје.

КАДЕ?

Атлантската прашума во Јужна Америка се протега на атлантскиот брег на Парагвај, Аргентина и Бразил. Пред петстотини години, покривала приближно 890 милијарди км2 (речиси двапати поголема од Тексас). Денес, останаа само седум проценти од неа. Иако е лоцирана во Јужна Америка, Атлантската прашума е една од критичните шуми кои ги сочинуваат „белите дробови“ на секој, секаде.

Таа е исто така една од најголемите складишта на биолошка различност на земјата, со 20000 видови на растенија, 1000 видови на птици и 23 видови на примати: многу од нив не се сретнуваат на ниедно друго место на земјата.

Луѓето од 65 земји се здружуваат преку програмата Hello Green Tomorrow за да помогнат во обновувањето на Атлантската прашума, претставувајќи ја првата глобална мобилизација за обнова на шума.

Еве ја листата на земјите учеснички:

  • Албанија
  • Аргентина
  • Австралија
  • Боливија
  • Босна
  • Бразил
  • Бугарија
  • Венецуела
  • Гватемала
  • Германија
  • Грузија/li>
  • Грција
  • Еквадор
  • Ел Салвадор
  • Естонија
  • Израел
  • Ирска
  • Исланд
  • Италија
  • Јапонија
  • Јордан
  • Јужна Африка
  • Казахстан
  • Канада
  • Кина
  • Кипар
  • Киргистан
  • Колумбија
  • Кореа
  • Кувајт
  • Латвија
  • Либан
  • Литванија
  • Маврициус
  • Македонија
  • Малезија
  • Малта
  • Мексико
  • Молдавија
  • Никарагва
  • Обединетите
    Арапски Емирати
  • Обединетото
    Кралство
  • Оман
  • Панама
  • Перу
  • Полска
  • Порторико
  • Португалија
  • Рејунион
  • Романија
  • Русија
  • САД
  • Северен Кипар
  • Словачка
  • Словенија
  • Србија
  • Тајван
  • Тајланд
  • Тунис
  • Украина
  • Унгарија
  • Уругвај
  • Филипини
  • Финска
  • Франција
  • Херцеговина
  • Хондурас
  • Хрватска
  • Црна Гора
  • Чешката Република
  • Чиле
  • Шпанија

Кликнете овде за да видите кои земји имаат локални вебсајтови.

КОГА?

СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ!

Avon Hello Green Tomorrow е долгорочна обврска, но ве поттикнуваме да дејствувате сега. Првичните напори ќе се вложат од март до мај 2010, и ќе ја објавиме нашата прва пресвртница на собрани средства на 5 јуни 2010 година, за да го обележиме Светскиот ден на животната средина на Обединетите Нации, затоа не одложувајте.

Не одложувајте. Дејствувајте денес за да создадете позелена утрешнина- со секои донирани 50 денари ја збогатуваме Атлантската прашума за едно дрво.

Потребна ни е вашата помош за да засадиме милиони дрва...за денес и за идните

Со секои 50 ден. сте еден чекор поблиску до позелена иднина. Толку е едноставно – и сега е време да дејствувате!

ЗЕЛЕНИ СОВЕТИ

Малите секојдневни промени може да имаат огромно влијание. Запомнете: Редуцирај, повторно употреби, рециклирај, размисли, засади

Засадете

Засадете

Replant

За вашата градина одберете ги тие видови растенија кои се карактеристични за вашето поднебје, издржливи на суша, вклучувајќи видови кои привлекуваат птици и пеперуги, и заменете барем еден дел од тревникот со растенија кои не бараат многу вода, ѓубриво и одржување.

ИЗВОРИ

Tweet Us Your Tips