Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Младешка кожа – ѝ треба нега, исто така!

Младата, витална кожа без оглед колку прекрасна, има свои проблеми и барања, исто така. Како да се грижиш за неа за да остане млада подолго време?

Распространето е верувањето дека кожата на 25-годишник не бара некаква посебна нега или козметика. За жал, тоа не е вистина. Епидермот почнува да старее кога ќе наполниме 25 години. Тоа е времето кога првите брчки се појавуваат, бидејќи влакната на колагенот и еластинот кои ѝ гарантираат флексибилност на кожата ослабуваат. Многу промени во структурата на тенот се неповратни, освен ако не ги сопреме на време.

Дневна нега

• Ако твојата стратегија досега била да се прикриваат несовршеностите на кожата – вистинско време е тоа да се промени. Секако, соодветната шминка може да ги сокрие непривлечните промени или дисколорации, но многу подобро е тие да се спречат отколку да се лечат.

• Лесната, хранлива козметика, создадена специјално за активни жени во своите дваесетти години, ќе помогне лесно да се избориш со недостатоците на кожата. Таа дури и го изедначува тенот на кожата, ги прави порите помалку видливи, додава здрав сјај и ги измазнува првите брчки.

Користи различни проиводи за дневна и ноќна нега. Универзалната козметика може да биде претешка како дневна шминка, а преслаба за регенерација преку ноќ. Избери производи од една серија, кои обезбедуваат комплексна и комплементарна нега.

Јади здраво, обиди се да избегнуваш шеќер кој ги оштетува влакната од колаген и еластин, кои се одговорни за цврстината на кожата и пиј околу 1.5 литри вода дневно, за однатре да ја ослободиш кожата од токсините.

Шминка

Многу млади жени употребуваат премногу декоративна козметика, без да обрнат внимание на големиот товар кој го нанесуваат врз кожата. Тенот без течна пудра или во прав не толку често изгледа привлечно и не треба да се откажеме од неа. Како и да е, силно се советува да се земат предвид следните неколку правила:

• Ако не се работи за специјално ноќно излегување и твојата шминка не мора да биде беспрекорна, остави кожата повеќе да дише. Обиди се да користиш тониран крем наместо пудра, на пример ББ крем. Тој го изедначува тенот на кожата, ја намалува појавата на несовршености и брчки, додека истовремено ја хидрира и ја храни кожата со неопходните витамини, зголемувајќи ја виталноста на кожата.

Нанеси хидратантен крем под течната или пудрата во прав. Тоа ќе обезбеди соодветна хидратација на кожата, како и подобар изглед и трајност на твојата шминка.

• Запомни, секогаш отстранувај ја шминката! Мицеларниот тоник ќе го исчисти остатокот од козметиката и ќе ѝ дозволи на кожата да дише без никаква пречка. Ова треба да стане твој ритуал. Ако не ја чистиш кожата, се соочуваш со ризик од појава на акни и црнки!

• Во случај на помали несовршености, користи коректор за да ги маскираш мозолчињата, наместо да нанесуваш дополнителен слој од пудра на целото лице.

Обликувај ја формата на лицето со руменило, бронзер или осветли го со бисери. Овие лесни козметички продукти прекрасно ги нагласуваат контурите на лицето.

Заштита од сонце

• Не ги занемарувај сончевите зраци. Секако, суптилно исончаното лице изгледа прекрасно, но, за жал, долготрајното изложување на сонце предизвикува создавање на штетни слободни радикали кои се одговорни за предвременото стареење на кожата. Можеш да се избориш со нив, со користење на антиоксиданти кои ги има во храната – на пример боровинки, грозје и ореви и секако, со помош на козметика која содржи витамини Е, А, Ц и бета-каротен.

• Кога избираш крем или пудра за во лето, провери дали тие содржат заштитен фактор од сонце. Во жешки денови, особено на плажа или кога вежбаш надвор, носи дополнителна заштита, како шапка и очила.