Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да се облечеш за летна забава?

Летото е совршено време за социјализација и дружење: вчера некоја забава во градина, денес средба со пријателите на скара. Искористи некоја од стилските идеи за облекување!

Сите сме согласни дека вреди да се однесуваме совесно кон околината и да ја ограничиме количината на гардероба што ја поседуваме, но појавувањето на забава во иста облека која нашите пријатели веќе ја знаат е нешто што треба да се избегнува. За среќа, малите додатоци или дури различната шминка може драматично да го смени твојот изглед. Биди креативна!

Летен состанок

Пеперутките во стомакот и флертувачкото расположение навистина разубавуваат! Твојот тен сјае, се смееш и се обидуваш да изгледаш шармантно, без оглед на сѐ. Кога одиш на состанок, избери стилски, но удобен изглед. Туника и хеланки или припиен џинс се одлична опција. Носи сандали со платформа – тие оптички ги издолжуваат нозете. Префрли лесна јакна преку рамењата. Можеш да бидеш впечатлива со накитот; избери голем ѓердан или обетки. Мат карминот комплетно ќе одговара на овој изглед.

Пријателска средба

А што во случај на пријателска средба со поширок круг на пријатели? Разигран, разнобоен и лесен бохо стил совршено се вклопува во ваквите прилики. Долги, лесни здолништа, фустани, широки туники и панталони или комбинезони, широки ленти, големи чанти, етно дизајни, ѓердани и нараквици кои ќе го направат твојот изглед уметнички хаотичен, а сепак под контрола. Пушти ја косата и стави незабележлива шминка со благо нагласени образи со руменило.

Скара-забава

Дали некогаш си била на скара-забава? Удобност е зборот кој треба да ја дефинира твојата облека. Топ и пантолони или кратко здолниште, или едноставен спортски фустан со апостолки, сандали или балетанки – без набори, долги фустани ниту пак деликатни креации кои ќе ѝ пречат на удобноста. Можеш да бидеш во центарот на вниманието со спортски стил, исто така! Заокружи го изгледот со суптилна шминка и очила и – подготвена си!

Забава на плажа

Не постои забава на плажа без водено лудило! Комбинирај ја гардеробата така што лесно ќе можеш да се пресоблечеш во костим за капење. Носи туника, саронг или разнобојно кимоно одозгора. И ако мислиш дека ти е доста од лудилото на плажа, лесно можеш да се префрлиш во барот од најблиската улица. Финиширај го изгледот со суптилен накит, како што е секси нараквицата за нога. Не се откажувај од шминката! Користи водоотпорна маскара за да си обезбедиш добра појава.